7 работи на кои луѓето штедат кога реновираат, но подоцна се каат

Ако сте во фаза на реновирање или пак ви е во план, најдобро е да ги прашате оние кои веќе го поминале „трнливиот пат.“

8-raboti-na-koi-lugjeto-stedat-koga-renoviraat-no-podocna-se-kaat-001.jpg

Грешките може дополнително да ви го исцрпат буџетот, па добро е да ги знаете за да ги спречите.

1. Не штедете на квалитетни керамички плочки

Која било друга површина или материјал кој можеби сега ви се чини поевтина варијанта, ќе ви направи проблем со мувла и влага.

8-raboti-na-koi-lugjeto-stedat-koga-renoviraat-no-podocna-se-kaat-01.jpg

2. Не бирајте пластични лајсни

Лесно се оштетуваат на топлина, лесно се виткаат и одлепуваат, па рокот на издржливост им е премал.

8-raboti-na-koi-lugjeto-stedat-koga-renoviraat-no-podocna-se-kaat-02.jpg

3. Инсталација на ист тип на штекери

Лоша идеја е секаде да ставите исти штекери. Наместо тоа, приспособете ги според потребите и размислувајте практично кога ги поставувате - каде точно ви се потребни и дали единечен, двоен или со повеќе штекери.

8-raboti-na-koi-lugjeto-stedat-koga-renoviraat-no-podocna-se-kaat-04.jpg

4. Недостаток на простор за каблите

За да не висат кабли, откако ќе ги направите сите работи, добро е да смислите каде и како може да ги скриете пред да почнете со реновирање.

8-raboti-na-koi-lugjeto-stedat-koga-renoviraat-no-podocna-se-kaat-05.jpg

5. Внатрешни врати со стакло

Освен недостатокот на приватност, имаат и мала звучна изолација.

8-raboti-na-koi-lugjeto-stedat-koga-renoviraat-no-podocna-se-kaat-06.jpg

6. Недостаток на штекери во бањата

Имајте на ум дека во тоалетот ќе ви требаат повеќе штекери и тоа со заштита, односно водоотпорни - за машина за перење, за машина за сушење (сега или во иднина), за фен и пегла за коса и сл.

8-raboti-na-koi-lugjeto-stedat-koga-renoviraat-no-podocna-se-kaat-07.jpg

7. Сјајни кваки

Сјајот на кваките многу бргу се вади, поради нивната честа употреба. Па, ако не сакате да изгледаат старо и излитено за неколку недели, одберете матирани модели.

8-raboti-na-koi-lugjeto-stedat-koga-renoviraat-no-podocna-se-kaat-08.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...
10 детали во ентериерот кои го уништуваат скапиот изглед на домот Кабли и штекери насекаде, застарени завеси, празни ѕидови и прозорци – кои работ...
Фото-докази од уредување на дом на коj под итно му треба реновирање Непотребен празен простор помеѓу фрижидерот и елементите, различна боја и насока...
Пластични канчиња како саксии и уште 5 работи кои ги има во турските домови (а и кај нас) Милјеа на секоја рамна површина, дополнителни мали масички во некој ќош кои се п...

Најчитани неделава