Кај Александра дома: „Полиците со различна висина ми се погодок, но вградениот аспиратор ми е промашување“ (фото)

„Погодок ми е што димензијата на фиоките ја правев според организерите кои беа планирани за нив, не барав организери според фиоките. Тешкотија во домаќинството е црниот, гранитен мијалник, кој бара многу внимание и често пребришување со сува крпа за да не остануваат бели флеки од бигор, како и стаклениот параван во туш кабината, кој мора да се пребришува по секое туширање…“, споделува Александра Стојанова (31) за CRNOBELO.com за својот стан во Влае.

kaj-aleksandra-doma-policite-so-razlichna-visina-mi-se-pogodok-no-vgradeniot-aspirator-mi-e-promashuvanje-foto-01.jpg

Александра Стојанова (31), од скопската населба Влае, одделенски наставник со десетгодишно искуство во ООУ,, Д.П.Г. – Беровски“ и осум години работа во своето ателје за декорации, живее во стан во Влае.

За уредувањето на нејзиниот дом вели дека направила многу погодоци, но сепак има и подредени работи кои можеби би ги направила поинаку ако го почнува процесот одново.

Александра за CRNOBELO.com споделува кои се најпрактичните и најфункционални работи кои ги направила при уредувањето на домот, а кои најнепрактичните:

„Кога градиме дом, градиме место во кое ќе го поминуваме поголемиот дел од времето, па затоа имаме пред себе задача да направиме нешто што ќе биде естетски добро осмислено, истовремено функционално и со максимално искористен простор, особено кога станува збор за стан.

kaj-aleksandra-doma-policite-so-razlichna-visina-mi-se-pogodok-no-vgradeniot-aspirator-mi-e-promashuvanje-foto-02.jpeg

На почетокот бев скептик дека ќе успеам сосема сама да го изведам тоа, а да не направам каква било грешка во однос на сите три сегменти. Сега, неколку месеци подоцна, сфаќам дека тоа го изведов подобро од што замислував.

kaj-aleksandra-doma-policite-so-razlichna-visina-mi-se-pogodok-no-vgradeniot-aspirator-mi-e-promashuvanje-foto-03.jpeg

Но, како и во сè друго, па така и во ова, самите ние знаеме кои се тие делови, кои сме можеле да ги изведеме поинаку. Кои се јаките, а кои слабите страни во нашиот простор. Најпрво ќе зборувам за работите за кои сметам дека не погрешив и дека се задолжителни во сечиј дом.

kaj-aleksandra-doma-policite-so-razlichna-visina-mi-se-pogodok-no-vgradeniot-aspirator-mi-e-promashuvanje-foto-18.jpeg

Кога го подготвував просторот, знаев дека сакам многу добро организирани делови во домот, сакам секој еден предмет да има свое место. Луѓето околу мене велеа дека посветувам многу внимание на небитни детали, но од оваа временска дистанца сум среќна што сето тоа го изведов така како што го замислив.

kaj-aleksandra-doma-policite-so-razlichna-visina-mi-se-pogodok-no-vgradeniot-aspirator-mi-e-promashuvanje-foto-13.jpeg

Посебни делови за пешкири, за средства, за тенџериња, за чинии, посебен дел за чаши по висини. Разни тегли и додатоци за складирање кои се од голема помош за сето тоа да биде практично и убаво средено.

kaj-aleksandra-doma-policite-so-razlichna-visina-mi-se-pogodok-no-vgradeniot-aspirator-mi-e-promashuvanje-foto-11.jpeg

На мајсторите им беше чудно кога слушнаа дека полиците треба да имаат однапред определена висина, како во кујната. така и во шкафовите, дека ниту една не е стандардна.

kaj-aleksandra-doma-policite-so-razlichna-visina-mi-se-pogodok-no-vgradeniot-aspirator-mi-e-promashuvanje-foto-07.jpeg

Сега, целиот тој простор е максимално искористен и сè си има свое место.

kaj-aleksandra-doma-policite-so-razlichna-visina-mi-se-pogodok-no-vgradeniot-aspirator-mi-e-promashuvanje-foto-12.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кај Анета дома: „Големата гарнитурата ми е погодок, а малиот број на фиоки во кујната ми е промашува... „Ја обожавам белата лулашка во дневната соба. Преудобна е, издржл...
На гости кај Драгана: Есенска бајка во стан во Гостивар со тикви и цвеќе (фото) „Многумина ќе речат во есен има магливи утра, дождови и ветер, но јас ја са...
Кул идеја од Маја од Охрид: Издлабени тикви како саксии за есен (фото) Идејата на Маја Гугоска од Охрид дефинитивно ќе ве инспирира и вас. Издлабени ти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg