Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Колку вода треба да пиете според вашата телесна тежина?

Водата е најдобриот сојузник ако сакате да го изгубите вишокот килограми. Секоја  диета или начин за слабеење подразбира и пиење доволно количина вода, а просечната дневна количина на вода која се препорачува да ја внесете е 2 литри т.е. 8 чаши вода.

kolku-voda-treba-da-piete-vo-odnos-na-vashata-telesna-tezhina-01.jpg

Но, доколку сакате да ги зголемите вашите шанси за слабеење и да го извлечете максимумот од водата, тогаш мора да ја земете вашата телесна тежина во обѕир и според таа бројка да одредите колку вода треба да испиете.

За вие да не се мачите, ние ја направивме таа пресметка за вас. Количината е иста и за мажи и за жени:

- Ако имате од 60 до 64 килограми треба да пиете 2 литри вода дневно.

- Ако имате од 65 до 69 килограми треба да пиете 2,1 литри вода дневно.

- Ако имате од 70 до 74 килограми треба да пиете 2,3 литри вода дневно.

- Ако имате од 75 до 79 килограми треба да внесете 2,5 литри вода дневно.

- Ако имате од 80 до 84 килограми треба да внесете 2,6 литри вода дневно.

- Ако имате од 85 до 89 килограми треба да внесете 2,8 литри вода дневно.

- Ако имате од 90 до 94 килограми треба да внесете 3 литри вода дневно.

- Ако имате од 95 до 99 килограми треба да внесете 3,2 литри вода дневно.

- Ако имате од 100 до 104 килограми треба да внесете 3,3 литри вода дневно.

- Ако имате од 105 до 109 килограми треба да внесете 3,4 литри вода дневно.

- Ако имате од 110 до 114 килограми треба да внесете 3,6 литри вода дневно.

- Ако имате 115 или повеќе килограми треба да внесете 3,7 литри вода дневно.

Исто така, пред секој оброк испијте 2 чаши од по 2,5 dl.

Ако јадете 3 пати дневно, на тој начин ќе внесете 1,5 литри вода.

Наутро штом се разбудите и навечер пред да си легнете испијте две големи чаши вода и така внесувате уште литар вода.

Ако водата не ви е „вкусна“ тогаш додадете овошје како портокал, мандарина, јаболко и за подобар вкус.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
Што е лунарна (месечева) диета + на кои датуми се држи во 2025-та? Лунарната (или месечева) диета претставува 24-часовен пост според месечевите фаз...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg