Појадок за слабеење – со кои продукти ќе ги изгубите килограмите двојно побрзо?

Доколку сакате да го симнете вишокот килограми, немојте да го прескокнувате појадокот. Иако многуте новопрокламирани диети и режими на исхрана советуваат дека појадокот е преценет и слободно може да го заборавите, истражувањето објавено во „International Journey of Obesity“ го докажува спротивното.

So-koi-produkti-ke-gi-izgubite-kg-dvojno-pobrzo-01.jpg

Имено, јајцата се одличен сојузник во борбата против килограмите. Во текот на двомесечното истражување биле испитувани 2 различни групи на луѓе коишто биле на диета. Едната група консумирала јајца за појадок, додека другата печива.

Интересно е да се напомене дека и двете групи го внесувале истиот број на калории за време на оброкот, но во 65% од случаите повеќе килограми изгубиле мажите и жените кои јаделе јајца за појадок.

Тие изјавиле и дека имаат повеќе енергија за разлика од испитаниците кои денот го започнувале со јаглени хидрати, односно бели печива, чиј индекс на телесна тежина бил намален помалку за разлика од групата која консумирала јајца.

Овие резултати не треба да нè зачудуваат, бидејќи јајцата се сметаат за одличен извор на белковини кои заситуваат и го спречуваат прејадувањето во останатиот дел од денот.

Помагаат во регулирањето на добриот холестерол и богати се со витамин Б12 кој овозможува нормално функционирање на повеќе делови во организмот.

Треба да имате предвид дека 1 јајце содржи околу 160 калории, но и дека оваа бројка се зголемува со термичката обработка, односно дали јајцето е варено, печено или пржено на путер или масло.

За држењето диета, сепак најпрепорачливо е да се јадат варени јајца во комбинација со зеленчук, односно салата.

Прочитајте повеќе за неверојатните ефекти на „Јајце диетата“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg