Во кујна со Ксенија Деспотоска - Телешка чорба и домашно лепче, идеален оброк за цело семејство
„Нема ништо поубаво од неделните утра кога сите сме собрани заедно. Тие моменти ја прават куќата дом, а трпезата - симбол на љубов“, вели инфленесерката Ксенија Деспотоска за CRNOBELO.com и ни сподели рецепти за телешка чорба и домашно лепче.

Модната инфлуенсерка Ксенија Деспотоска, обожава да готви и често пробува нови рецепти, но готви и традиционални оброци.
А еден од нив е - телешка чорба со домашно лепче, плус печени пиперки со лук, оброк кој вели дека барем за нив, е идеален појадок.

За CRNOBELO.com, Ксенија ги сподели своите рецепти:
„Недела е ден за семејството, ден кога сите се собираме околу масата, а храната нè зближува и создава најубави спомени.
Од мајка ми научив дека готвењето е еден од најубавите начини да им покажеш љубов на своите најблиски.
Нема поголема среќа од тоа да гледаш како твоите сакани уживаат во нешто што си го подготвила од срце.
Некогаш мајка ми готвеше за нас, а денес јас го правам истото за нив.
Овојпат ми беа на гости не ручек, туку на неделен појадок што мириса на топлина и дом - телешка чорба, печени пиперки со лукче и свежо испечено домашно лепче.
Едноставно, вкусно и полно со љубов.
А подготовките за овој оброк ги почнувам уште од вечер“.

Потребни состојки за телешката чорба:
- 1 телешка коска
- 1/2 kg телешко месо
- 1 компир
- 1 морков
- 1 пашканат
- Корен од 1 целер
- 1 кромид
- црн бибер во зрно
Начин на подготовка:
- Во голем се ставаат сите состојки за чорбата.
- Сето тоа се вари на тивок оган три до четири часа, со повремено промешување.
- Утредента чорбата се процедува, зеленчукот се гмечи со виљушка, месото се кине на ситни парчиња и сè заедно се враќа во чорбата.
- Се додава сол, една телешка коцка за супа и се става уште еднаш да проврие пред да се послужи.


Потребни состојки за домашно лепче:
- 2 лажички сув квасец
- 1 лажичка шеќер
- 360ml топла вода (за активација на квасецот)
- 450g брашно
- 1 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Се подготвува квасецот и кога ќе нарасне се спојува со брашното и солта.
- Се замесува тесто, не многу тврдо, па се покрива со проѕирна фолија и се остава во фрижидер преку ноќ.
- Утредента, тестото се премесува, се дели на 5 дела и од нив се прават пет мали векни леб.
- Лебот се пече 20 минути на 240 степени (или зависно од тоа како ви пече рерната), а потоа се вади и се остава да остине, покриен со крпа.


Погледнете повеќе фотографии:




©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело