Во кујна со Мила: Рецепт за вкусна туршија за мезе со ракија (со зеленчук од нејзината градина)

За овој рецепт тоа нема да биде проблем, зашто состојките ги сечкаме и го користиме здравиот дел од плодовите, а остатокот може да оди во компост.


Во последнава туршија искористив неколку типа недозреани патлиџани од наши стари сорти (воловско срце, јабучар, голем жолт итн.), во фази на растење од најмала до стандардна величина, и неколку сорти пиперки (ајварка, банана, бела долга, повеќе различни лути), зрели и незрели, чисто заради варијација во бојата, за мезето да ни биде пошарено.


За отприлика (и, кај мене секогаш е „отприлика“ зашто никако не се придржувам до рецептите и одам по чувство) 10 килограми зеленчук, ни требаат две кесички конзерванс, два литри вински оцет, литар масло, 300g сол, 300g шеќер, десетина ќесички бибер во зрно, најмалку пола главица лук и 4 китки магдонос.


