Креваме два прста за репете: „Сирена-тост“

Новиот тренд кога станува збор за убава храна кој го преплави Инстаграм може да го пронајдете под хаштагот #mermaidtoast или во превод – Сирена тост.

Krevame-dva-prsta-repete-za-sirena-lepcinja-01.jpg

Станува збор за потпечени лепчиња со крем-сирење во најразлични бои на виножитото.

Трендот на „Сирена-лепчињата“ го започнала стилистот за храна Аделин Во, чија желба била храната да не биде само здрава, туку воедно да е возбудлива и забавна.

Таа го меша крем-сирењето со спирулина во прав и хлорофилни капки за да добие природна сина, односно зелена боја.

Инспирирани од нејзините експерименти, луѓето започнале сами да мешаат природни состојки како куркума, цвекло и боровинки за добивање интересни бои со кои ќе го намачкаат лепчето.

И мора да признаеме дека сите изгледаат неодоливо на фотките. Останува само уште да го погодиме вкусот, односно да се обидеме да си подготвиме барем еден шарен „Сирена-тост“:

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...
Рецепт за ролат со кокос во три бои (од едно тесто) Ако за Божиќ или деновите околу празниците ви се најават гости, можете да ги пре...
5 посни рецепти без масло за првите денови од велигденските пости За деновите кога се пости на вода, без масло, имаме неколку предлог рецепти за п...

Најчитани неделава