5 посни рецепти без масло за првите денови од велигденските пости

За деновите кога се пости на вода, без масло, имаме неколку предлог рецепти за појадок, ручек, вечера или десерт - може да направите проја, грав или некој вкусен колач, а сепак да бидат вкусни. 

5-posni-recepti-bez-maslo-za-prvite-denovi-od-veligdenskite-posti-01.jpg

Денес започна велигденскиот пост кој ќе трае до 12 април, а на верниците кои постат секогаш им е потребна некоја идеја плус за посен рецепт.

Со оглед на тоа што во најголем дел, велигденскиот пост е строг, на вода, ви предлагаме неколку рецепти за храна без масло и секако, без риба.

Во продолжение инспирирајте се со некој рецепт кој може да ви се најде во првиве денови, исклучувајќи ги првите три дена, доколку се воздржувате од храна.

Плескавички од тиквици

Потребни состојки:

  • 350g рендани тиквици
  • 80g брашно
  • 1 лажичка сол
  • ¼ лажичка прашок за печиво
  • 120ml бадемово или друго растително млеко
  • ¼ лажичка лук во прав

Начин на подготовка:

  • Измијте ги тиквиците и без да ги лупите, изрендајте ги на крупната страна од рендето.
  • Ставете ги во длабок сад, посолете ги, измешајте и почекајте 10-15 минути да пуштат вода, па исцедете ги со рака.
  • Префрлете ги во чиста крпа и уште еднаш истиснете го вишокот течност.
  • Во друг сад измешајте ги убаво сите состојки и додадете ги тиквиците. Доколку е премногу ретка смесата, додадете обично или пченично брашно по желба.
  • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и во меѓувреме обликувајте ги плескавичките и редете ги на плех обложен со хартија за печење (може директно со лажичка да ги ставате).
  • Печете 20-25 минути, додека не заруменат, а средината да стане цврста. По 15 минути може да ги свртите на другата страна.

5-posni-recepti-bez-maslo-za-prvite-denovi-od-veligdenskite-posti-04.jpg

Чупавци со кокос

Потребни состојки:

  • 250g брашно
  • 50g гриз
  • 14g прашок за печиво
  • 130g шеќер
  • 300ml вода
  • 9g ванилин шеќер
  • 1 лажичка оцет

За прелив:

  • 200ml вода
  • 40g какао
  • 130g шеќер
  • Кокос

Начин на подготовка:

  • Измешајте ги сите суви состојки за колачот во еден сад, па додавајте ја водата постепено и измешајте додека смесата не се соедини, па додадете го и оцетот и пак измешајте.
  • Истурете ја смесата во длабок плех врз хартија за печење и печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови, околу 20 минути.
  • Во мало тенџере измешајте ги сите состојки за преливот и ставете на оган за убаво да се стопи шеќерот и да се изедначи смесата, па оставете го да се излади.
  • Исечете го колачот на парчиња, потопете го секое парче во чоколадниот прелив, а потоа посипете го со кокос и послужете.

5-posni-recepti-bez-maslo-za-prvite-denovi-od-veligdenskite-posti.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg