5 посни рецепти без масло за првите денови од велигденските пости

Проја

Потребни состојки:

  • 2 шолји пченично брашно (или палента)
  • 1 шолја бело брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 2 шолји кисела вода
  • 1 шолја обична млака вода
  • Сусам или други семиња по желба
  • По желба – ситно сечкан праз, пиперка, маслинки или спанаќ

Начин на подготовка:

  • Измешајте ги сувите состојки во длабок сад, а потоа постепено додавајте вода и мешајте додека не се соедини во мазна смеса.
  • Доколку се одлучите за зеленчук, додадете го и повторно убаво измешајте.
  • Истурете во длабок плех или во калапи, задолжително на хартија за печење, посипете семиња и печете 25-30 минути во загреана рерна на 200 степени Целзиусови.

5-posni-recepti-bez-maslo-za-prvite-denovi-od-veligdenskite-posti-05.jpg

Манастирски грав

Потребни состојки:

  • 500g бел грав
  • 2 големи главици кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 моркова
  • 1 везена пиперка
  • 2-3 ловорови листа
  • 1 лажичка мелена црвена пиперка
  • Сол и бибер по вкус
  • 1 лажица брашно (по желба за да згусне)
  • Вода колку што е потребно

Начин на подготовка:

  • Потопете го гравот во ладна вода и оставете го неколку часа да отстои па процедете го.
  • Повторно прелијте го со свежа вода и ставете го да се вари 10-ина минути, па повторно процедете го.
  • Прелијте го со нова вода третпат гравот, додадете ловоров лист и оставете го да се вари додека не омекне, барем 1 час, ако треба и подолго.
  • Во друго тенџере ставете ги сечканите кромид и лук, рендан морков и ставете минимално вода за да се динстаат (додавајте вода по потреба додека да омекне зеленчукот).
  • Додадете ги црвената пиперка и лажицата брашно, измешајте и додадете го гравот процеден, а постепено додавајте од водата во која се варел, зависно колку сакате да биде густ.
  • На крај зачинете по вкус, измешајте убаво и послужете со леб.

5-posni-recepti-bez-maslo-za-prvite-denovi-od-veligdenskite-posti-06_copy.jpg

Колач со рендани јаболка

Потребни состојки:

  • 3 јаболка, рендани
  • ½ шолја шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 1 шолја сок од јаболка
  • 1 лажичка цимет
  • 1 шолја гриз
  • 2 шолји брашно
  • 2 шолји мелени ореви
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • Мармалад по желба за премачкување и ореви за декорација

Начин на подготовка:

  • Излупете ги јаболката и изрендајте ги.
  • Додадете ги сите останати состојки и убаво измешајте.
  • Истурете ја смесата во помал, но длабок плех или калап, на хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 50 минути (проверете со чепкалка дали е готов).
  • Врелиот колач премачкајте го со мармалад по желба и посипете со мелени ореви.

5-posni-recepti-bez-maslo-za-prvite-denovi-od-veligdenskite-posti-03.jpg

М. М. | Црнобело

Фото: depositphotos.com / YouTube / TikTok



Би можело да ве интересира:

3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg