14 идеи за летни ражничи на скара
Летните вечери се најдобри за да се поминат во друштво на пријателите со скара, по некоја чашка алкохол и секако, добра забава.

Но, ако не сакате да печете и јадете цели парчиња меса на топлото време, одлична замена се и ражничите кои може да ги правите во различни комбинации и по сечиј вкус.
На нив може да ставите секаков вид на месо, комбинирано со зеленчук. Или може да го замените месото со морска храна или печурки.
И секако, секогаш постои опцијата и за ражничи само од зеленчук (за оние кои внимаваат на линијата или за оние кои не сакаат месо). Направете ги богати и полни или едноставни и без многу додатоци.
Погледнете ги овие идеи за ражничи и соберете го вашето друштво, па одберете заеднички што ќе „боцкате“:
Топчиња од месо + црвена пиперка + зелена пиперка

2 вида месо + ананас + кромид + црвена пиперка

Морски плодови + ананас

Морски плодови + тиквица + домат + лимон

Пилешко месо + песто сос + шери домати

Месо + ананас + морков + црвена пиперка + кромид

Прокељ + тиква + црвена пиперка + печурки + пченка + кромид
