Рецепт за кремаста макарони салата – идеална за пролетни собиранки
За празниците или за обични пролетни собиранки со друштво, оваа кремаста салата со макарони, со вкус на кикиритки и сусам е идеална.

Доколку сакате да промените нешто на трпезата за гости или едноставно вие сакате да пробате нешто поразлично, имаме рецепт за вас.
Се подготвува многу лесно, а превкусно е и сите ќе сакаат порција плус од оваа кремаста салата.
Потребни состојки:
- 750g павлака
- Неколку лажици мајонез (по вкус)
- 250-300g макарони (мали)
- ½ ќеса пченка
- 200g кикиритки
- 10-15 кисели краставички
- 80-100g сусам
- Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Сварете ги макароните и оставете да се изладат.
- Запечете го сусамот во ѓезве на средна температура додека да добие златесто кафеава боја.
- Кикиритките искршете ги, краставичките исечкајте ги и измешајте ги сите состојки во еден сад.
- Измешајте и зачинете по желба, па сервирајте.
Погледнете видео постапка:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...