Без печење: Редена еклер торта со бисквити, шлаг и чоколаден прелив
Доколку и вие сте од оние што обожаваат еклери, а не сакаат да губат премногу време за подготовка, ова е добар рецепт за еклер торта, за која воопшто нема да имате потреба од печење.
Ова е рецепт за брза редена торта, која речиси во целост е со шлаг и со крем, а има сосема малку кора, слично како еклерите.
Погледнете во продолжение како се подготвува:
Потребни состојки:
- 200g бисквити
- 800ml млеко
- 2 ќесички пудинг од ванила
- 250g шлаг пена;
- 50g темно чоколадо;
- 2 супени лажици путер;
- 300g шеќер;
- 3 супени лажици млеко;
- 1 супена лажица Агаве сируп (или мед);
- 1 супена лажица екстракт од ванила.
Начин на подготовка:
- На плех со димензии 30×20cm се реди еден ред бисквити. По потреба бисквитите може да се скршат за да се распоредат рамномерно.
- Со маталка се мешаат млекото и пудингот и се оставаат да отстојат 2 минути, а потоа се додава и шлаг пената.
- Смесата се распоредува рамномерно врз бисквитите.
- Врз шлагот се ставаат преостанатите бисквити.
- На пареа се топат чоколадото и путерот и внатре се додаваат преостанатите состојки: шеќер, 3 лажици млеко, Агаве сируп и екстракт од ванила.
- Чоколадото се распоредува рамномерно врз тортата.
- Тортата се прекрива со пластична фолија и се остава во ладилник околу 8 часа или цела ноќ.
Деталното упатство за подготовка погледнете го во приложеното видео:
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Чоколадни бомбици од смеса за готова торта
Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...

За љубители на кафе: Браунис колачиња што се топат во уста
Браунис колачиња со вкус на еспресо - има ли подобар десерт за љубителите на чок...

За велигденската трпеза: Гнезда од кадаиф полнети со Нутела и чоколадни јајца
Овие тартови кои наликуваат на гнезденца со јајца се прават многу брзо и лесно, ...
-->
-->