Рецепт за здрави чоколадни браунис – се прават во блендер, вкусот е неодолив
Сите состојки се здрави, се мешаат одеднаш во блендер и се става на печење - лесен и превкусен рецепт за неодоливи брауни колачиња.

Ако сакате да се заблажите со чоколаден и здрав рецепт, овие брауни колачиња се идеални за тоа.
Се подготвуваат прелесно, сите состојки во блендер, се печат и се служи пресечено на коцки.
Потребни состојки:
- 240g исцеден наут од конзерва/тегла
- 2 јајца
- 4 лажици какао
- 2 полни лажици мед
- 1 презреана банана
- ½ прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180°С, а во меѓувреме ставете ги сите состојки во блендер (ако тешко се блендира, додадете лажица млеко или вода).
- Истурете ја смесата во мал плех/калап врз хартија за печење околу 25 минути.
- Почекајте барем малку да се излади, исечете на коцки па послужете.
Видео постапка:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за највкусните домашни крофни – сите ќе бараат уште
Ако сте гурман, но и со вешти раце, тогаш вреди да го пробате овој рецепт за вку...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...