Рецепт за највкусните домашни крофни – сите ќе бараат уште

Ако сте гурман, но и со вешти раце, тогаш вреди да го пробате овој рецепт за вкусни и меки крофни - со шеќер или полнети со крем и мармалад. 

recept-za-najvkusnite-domashni-krofni-site-kje-baraat-ushte-01.jpg

Секако дека крофни може да најдете секакви и да си купите без да се мачите, но ако имате желба за готвење и да направите сами, имаме рецепт за вас. 

Постапката е малку подолга, но препорачуваме да го изгледате видеото за да ви стане појасна, а трудот со сигурност ќе вреди. 

Потребни состојки:

За смесата со квасец:

  • 1 свеж квасец (42g)
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка брашно
  • 250ml млако/топло млеко

За тестото:

  • 500g брашно
  • Прстофат сол
  • 40g шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • Рендана кора од 1 лимон
  • 1 јајце
  • 2 жолчки
  • 2 лажици рум
  • 2 лажици масло

Начин на подготовка:

  • Прво, активирајте го квасецот – изронете го во длабок сад со 1 лажица шеќер, 1 лажица брашно и 250ml млако млеко, измешајте и оставете го покриено 10 минути.
  • За тоа време, во голем сад измешајте ги сувите состојки (брашно, сол, шеќер), па направете дупка во средина.
  • Додадете ги течните состојки, а потоа и активираниот квасец во дупката, па изматете ги.
  • Измесете го добро лепливото тесто, па спакувајте го во проѕирна фолија да не излегува воздухот, покријте го со крпа и оставете го да се поткрева барем 1 час, да стане дупло поголемо.
  • На добро набрашнета површина префрлете го тестото, набрашнете го и одозгора, па размесете го со минимум 1cm дебелина.
  • Со помош на чаша или кружни модли за крофни извадете кругови, а од вишокот тесто формирајте нова топка, па повторете го процесот.
  • Сите крукчиња преместете ги на набрашнета подлога, набрашнете ги повторно од горе и покријте ги со крпа.
  • Оставете ги да се поткреваат 30 минути, свртете ги, покријте ги и пак оставете ги уште 30 минути.
  • Во тенџере загрејте голема количина на масло (барем 1cm длабоко) и крофните ставете ги да се пржат така што горната страна (таа што била горе при последното оставање да се подигнат), ќе ја ставите долу во тенџерето.
  • Пржете покриено 1 и пол минута, па свртете ја на другата страна и пржете уште толку без капак (но проверувајте ги, времетраењето зависи и од тоа колку е врело маслото).
  • Извадете ги на бришач да се исцедат па извалкајте ги во шеќер или посипете ги со шеќер во прав. По желба, со шприц може да ги наполните со мармалад или крем.

Видео постапка:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава