Лиснати банана залчиња со чоколадо - рецепт кој им успева на сите
Дома сигурно имате банани скоро во секое време. Па ако купите едно пакување лиснато тесто и додадете малку чоколадо, за час ќе подготвите вкусен десерт.

Овие лиснати залчиња со банана и чоколадни топчиња се толку вкусни, што ќе ги правите често.
Не ви требаат ни многу состојки, ниту пак, многу време за нивната подготовка, а ќе ви успеат дури и да не сте експерт во кујната.
Како да ги подготвите?
Потребни состојки:
- 1 пакување лиснато тесто
- 2 зрели банани
- 50g чоколадни топчиња или сечкано чоколадо
- 1 жолчка од јајце, изматена (за премачкување)
- Шеќер во прав за наросување
Начин на подготовка:
- Развлечете го лиснатото тесто врз набрашнета површина.
- Излупете ги бананите и исечете ги по должина на тенки ленти.
- Посипете го лиснатото тесто со чоколадни трошки, оставајќи 2cm дел без чоколадо на крајот.
- Рамномерно распоредете ги парчињата банана врз лиснатото тесто, малку преклопувајќи ги, како во видеото.
- Внимателно замотајте го лиснатото тесто за да формирате ролат.
- Исечете го на парчиња широки околу 4cm и ставете ги со пресечената страна надолу на плех обложен со хартија за печење, па премачкајте со изматена жолчка од јајце.
- Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 15-20 минути, или додека не поруменат и не станат крцкави.
- Извадете ги од рерната и оставете да се оладат на решетка, а потоа посипете ги со шеќер во прав и послужете ги.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен
Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете
Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив
Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...