Како брзо да се ослободите од мирисот на лук по јадење?

Покрај џвакањето свеж магдонос, и јаболкото може да ви помогне да се ослободите од непријатниот мирис на лук.

kako-brzo-da-se-oslobodite-od-mirisot-na-luk-po-jadenje01.jpg

Ако сте како повеќето, веројатно уживате во вкусот на лукот, но сигурно и избегнувате да го јадете ако треба да излезете од дома.

Лукот предизвикува навистина непријатен мирис на здивот, кој не се отстранува ни со миење на забите. Но, постојат некои трикови што ќе ви помогнат да се ослободите од лошиот здив.

Доктор Меган Роси е нутриционист и експерт за здравјето на дигестивниот систем.

Нејзината докторска дисертација за здравјето на дигестивниот систем има освоено и престижна награда.

View this post on Instagram

A post shared by Dr Megan Rossi (@theguthealthdoctor)

Меган има Инстаграм профил со 439.000 следбеници каде што често споделува совети од нејзина област.

Неодамна таа сподели и неколку трикови за ослободување од мирисот на лук.

Во објавата, Меган појаснува и зошто е толку тешко да се ослободиме од овој мирис.

Според Меган, дел од состојките на лукот се апсорбираат во крвотокот и одат до белите дробови. Па, токму поради ова, мирисот на лук може да трае и подолго од еден ден.

„Па, што е решението? Кога јадете храна со лук, изедете и јаболко со оброкот.

Хемикалиите во јаболкото докажано влијаат врз сулфурот во лукот, па го отстрануваат тој мирис“, пишува во нејзината објава.

Меган истакнува и зошто е важно да јадеме лук:

„Главната активна состојка во лукот е алицин, која го поддржува имунитетот и се бори против вирусите.

Истражување од 2001 година покажа дека секојдневното земање суплементи со лук го намалува ризикот од настинки и го забрзува закрепнувањето од истите.

Оставете го исечканиот лук да отстои 10 минути пред да го јадете/зготвите – со ова се создава повеќе активен алицин“.

Според Medical News Today, постојат три состојки во лукот што предизвикуваат не само непријатен здив, туку и непријатен мирис на самото тело:

Алицин – состојка што се претвора во други состојки кои содржат сулфур, а токму тие му го даваат силниот мирис на лукот.

Алил метил сулфид – состојка што се ослободува и од лукот и од кромидот кога се сечат. Оваа состојка се апсорбира во крвотокот, а потоа „испарува“ преку белите дробови и порите на кожата.

Цистеин сулфоксид – ова е состојка која содржи сулфур и се наоѓа во лукот и кромидот, а предизвикува непријатен мирис на здивот речиси веднаш откако ќе ги изедете.

kako-brzo-da-se-oslobodite-od-mirisot-na-luk-po-jadenje-02.jpg

На следната страница, што друго ќе ви помогне да се ослободите од мирисот на лук...



Би можело да ве интересира:

Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Трикови за готвење од Инстаграм инфлуенсери, што не се практични и не функционираат „Пробав да направам од оние вирални рецепти, каде што стават тестенини со цело п...
8 намирници кои не ја заслужуваат лошата репутација Ако претерате со пиењето кафе, дефинитивно ќе почувствувате лоши симптоми. Но, в...
Кои намирници се безбедни за јадење кога имате киселини во стомакот? Ако сакате оброк богат со протеини, но имате киселини, нема да погрешите со пече...
Путер, јајца, млеко – дали и колку време е безбедно да ги чувате овие намирници надвор од фрижидерот... Несоодветното чување на храната со себе носи многу опасности. Што се&nbs...
3 зачини што го забрзуваат метаболизмот (можете да ги додадете во утринското кафе) Постојат зачини кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми бидејќи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg