10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме)

Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за салата, а имаат и генијални начини за чување на некои одредени производи. Погледнете неколку интересни кулинарски трикови од Земјата на изгрејсонцето...

10-japonski-kulinarski-trikovi-od-koi-mnogu-mozheme-da-nauchime-01.jpg

Начинот на готвење во Јапонија во голема мера се разликува од навиките во Западниот свет.

Нивната филозофија на живеење се отсликува и во готвењето, па во Јапонија постојат повеќе строги правила и трикови до кои тие се придржуваат кога ја приготвуваат храната.

Јапонците развиле голем број трикови кои се совршени за нивната кујна, а ако ги погледнете внимателно ќе сфатите дека можеме многу да научиме од нив.

Постои точно одреден начин за миење на оризот

Во јапонскиот јазик постои зборот „тогу“ со којшто се означува миењето ориз. Целта на миењето на оризот е да се отстрани „лепливата материја“ што останува на зрнцата дури и откако ќе бидат зготвени.

Според Јапонците, оваа леплива материја го расипува вкусот на оризот, па со едноставно миење, нема да успеете да ја отстраните.

Затоа тие ја практикуваат следната постапка:

Оризот се потопува со вода, се меша со рацете, па се процедува. Оваа постапка се повторува трипати.

Потоа дланката се витка, како да држите тениско топче во неа, па се става во влажниот ориз и зрната треба убаво да се протријат.

Оризот се мие повторно и се процедува, па потоа повторно се стругаат зрнцата со дланката и постапката се повторува сè додека водата не стане чиста.

10-japonski-kulinarski-trikovi-od-koi-mnogu-mozheme-da-nauchime-02.jpg

Оризовата вода не се фрла

Кога треба да зготват зеленчук како модар патлиџан или ротквици, Јапонците задолжително чуваат дел од водата во која го миеле оризот.

Тие веруваат дека ако овој зеленчук стои 10-тина минути во оризова вода, тоа ќе ги прочисти, доколку има горчлив вкус.

10-japonski-kulinarski-trikovi-od-koi-mnogu-mozheme-da-nauchime-03.jpg

Храната со вкус „умами“ треба да ја има во секој оброк

Јапонските готвачи велат дека не постојат 4, туку 5 вкуса: слатко, горчливо, кисело, солено и мистериозното умами, што буквално би се превело како пријатен вкус.

За секој оброк да биде успешен мора да се додаде состојка која е богата со овој вкус и таа ќе ги „поврзе“ сите други компоненти.

Како состојки што се богати со умами вкус се сметаат: сушени печурки, соја сос, мизо паста и ферментиран зеленчук.

10-japonski-kulinarski-trikovi-od-koi-mnogu-mozheme-da-nauchime-04.jpg

Секогаш го следат правилото на 5 бои

Според Јапонците, за храната да биде здрава не треба премногу да се задлабочуваме во нејзиниот состав, туку само треба добро да ги следиме боите.

Во секој оброк треба да има по 5 бои: бела, црна, црвена, жолта и зелена. Така, совршениот оброк во Јапонија би се состоел од: ориз, црн сусам, црвена риба, моркови и краставички.

Кога избирате суши, тоа треба да ги содржи овие пет бои.

10-japonski-kulinarski-trikovi-od-koi-mnogu-mozheme-da-nauchime-05.jpg

Сушење зеленчук за во зима

За разлика од другите земји, каде постои навика да се подготвува туршија и ферментиран зеленчук, во Јапонија постои навика зеленчукот да се исечка и да се остави да се исуши во добро вентилирана просторија, а потоа да се користи за пржење, печење или за готвење чорби.

10-japonski-kulinarski-trikovi-od-koi-mnogu-mozheme-da-nauchime-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Maкедонски нутриционист одговара: „Смеам ли да ги загревам компирот и оризот или да ги фрлам?“ „Оризов и компиров да го подгревам или да го фрлам? Знаете дека тоа е едно од на...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...

Најчитани неделава