12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки

Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава се горди на своите специјалитети, но и со тоа што знаат добро да готват и да направат храната да биде примамлива за око.

12-tajni-na-francuzite-za-podgotovka-na-hranata-po-koi-se-razlikuvaat-od-site-zemji-vo-svetot-01.jpg

Нивната кулинарска естетика не се огледува само во начинот на подготовка во храната, туку и во начинот како ја сервираат храната и во приборот што го користат за готвење.

Кои се кулинарските тајните на Французите со кои се издвојуваат од останатите земји?

Платнени салфетки

Не само што се поеколошки, платнените салфетки ќе направат оброкот да биде вистинско уживање и да се чувствувате попријатно додека јадете.

12-tajni-na-francuzite-za-podgotovka-na-hranata-po-koi-se-razlikuvaat-od-site-zemji-vo-svetot-02.jpg

Посебна шпатула за риба

Оваа шпатула ја има во секој дом во Франција. Таа е издржлива и ви помага лесно да ги кренете и најмеките парчиња риба без да ги оштетите.

12-tajni-na-francuzite-za-podgotovka-na-hranata-po-koi-se-razlikuvaat-od-site-zemji-vo-svetot-03.jpg

Кујнски ножици

Супер е кога имате кујнски ножици кои може да ви послужат во секој миг: за отворање нова амбалажа, за да ја исечете хартијата за печење или пак за да ја отстраните цената на облеката што сте ја купиле.

Но за Французите, кујнските ножици се одлична замена кога треба ситно да исечкаат магдонос или други свежи зачини.

12-tajni-na-francuzite-za-podgotovka-na-hranata-po-koi-se-razlikuvaat-od-site-zemji-vo-svetot-04.jpg

Силиконска облога за печење

Наместо хартија за печење, Французите користат силиконска подлога кога подготвуваат специјалитети од тесто или колачи.

Може да се стави во машина за садови, а помага за подеднакво да се распореди температурата во рерната и специјалитетите да бидат повкусни.

12-tajni-na-francuzite-za-podgotovka-na-hranata-po-koi-se-razlikuvaat-od-site-zemji-vo-svetot-05.jpg

Отворач за јајце

Лебот и јајцата се основна храна за појадок во Франција, а за да ги отворат, Французите користат отворач, што помага лесно да се отстрани лушпата без да создадете непотребен хаос во кујната или на масата.

12-tajni-na-francuzite-za-podgotovka-na-hranata-po-koi-se-razlikuvaat-od-site-zemji-vo-svetot-06.jpg

Стаклено ѕвоно за десерти

По секој оброк во Франција се служи десерт, а за колачите и слатките секогаш да бидат свежи и да не се расипат, Французите користат стаклено ѕвоно.

12-tajni-na-francuzite-za-podgotovka-na-hranata-po-koi-se-razlikuvaat-od-site-zemji-vo-svetot-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg