Путер, јајца, млеко – дали и колку време е безбедно да ги чувате овие намирници надвор од фрижидерот?

Што се однесува до јајцата, мора да бидете повеќе претпазливи, затоа што тие се особено подложни на една бактерија - салмонела. Се смета дека јајцата можете да ги чувате надвор од фрижидер околу два часа на собна температура или еден час ако температурата е 30 или повеќе степени.

puter-jajca-mleko-dali-i-kolku-vreme-e-bezbedno-da-gi-chuvate-ovie-namirnici-nadvor-od-frizhiderot-01.jpg

Несоодветното чување на храната со себе носи многу опасности. Претежно, храната која треба да се чува во фрижидер, не може да стои долго време на повисока собна температура, бидејќи тогаш претставува голема закана за здравјето, затоа што преку неа може да се пренесат различни бактерии.

За тоа дали и колку време може одредени најчесто користени намирници да стојат надвор од фрижидерот, погледнете во продолжение.

Путер

Многумина путерот го чуваат на собна температура од причина што е подобар за мачкање, а ако се прашувавте дали е безбедно да го чувате надвор од фрижидер, тогаш одговорот е да.

Една од причините што путерот не се расипува толку бргу како другите млечни производи оставени на собна температура, е затоа што има малку јаглехидрати и протеини, кои пак им се „омилени“ на мувлата и бактериите.

Сепак, иако е безбеден за консумирање, ако го чувате надвор од фрижидер, тоа може да има влијание на неговиот вкус. Затоа, можеби подобра опција е да го исечете путерот на мали парчиња и да го оставите да стои на собна температура.

puter-jajca-mleko-dali-i-kolku-vreme-e-bezbedno-da-gi-chuvate-ovie-namirnici-nadvor-od-frizhiderot002.jpg

Јајца

Што се однесува до јајцата, мора да бидете повеќе претпазливи, затоа што тие се особено подложни на една бактерија - салмонела.

Истовремено, многу е важно и низ каков процес на преработка поминале јајцата. Во европските држави, јајцата можете да ги чувате надвор од фрижидер додека да им помине рокот на траење, односно до две недели во просек. Сепак, препорачливо е да ги чувате во фрижидер за да ви траат подолго.

Интересно е што јајцата кои се продаваат во САД, минуваат низ друг процес на преработка со кој им се отстранува природниот заштитен слој од бактерии, па тамошните јајца не е препорачливо да се чуваат на собна температура повеќе од два часа.

Исто така имајте предвид дека треба да ги фрлите сите испукани и да ги миете рацете и приборот што доаѓа во контакт со сировите јајца.

puter-jajca-mleko-dali-i-kolku-vreme-e-bezbedno-da-gi-chuvate-ovie-namirnici-nadvor-od-frizhiderot-03.jpg

Млеко

Генерално, млекото надвор од фрижидер не треба да стои подолго од два часа. Млечните производи е особено опасно да се остават на повисоки температури, бидејќи одредени штетни бактерии најмногу „ги сакаат“ овие производи.

Некои од главните виновници се ешерихија коли, салмонела, листерија… Сите овие бактерии може да доведат до екстремни симптоми на труење со храна кои може да бидат многу сериозни, а во некои случаи да бараат и болничко лекување.

Секако, на ова правило влијаат и други фактори. Треба да се има предвид млекото е отворено или не. Откако ќе го отворите, се прикрадуваат повеќе бактерии, а со тоа што ќе го одржувате млекото ладно ќе се осигурате дека тие опасни бактерии нема да имаат можност да се размножат во толкави количини што ќе се разболите.

Исто така, добро би било да избегнувате да го чувате млекото на вратата од фрижидерот, бидејќи тоа е најтоплата област, па може да направи тоа побрзо да се расипе.

puter-jajca-mleko-dali-i-kolku-vreme-e-bezbedno-da-gi-chuvate-ovie-namirnici-nadvor-od-frizhiderot-04.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава