Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци?

Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје… Како вообичаено изгледа појадокот на Новак Ѓоковиќ и каква е реакцијата на девојката што го испробала?

pojaduvav-kako-novak-gjokovikj-kakvi-se-moite-vpechatoci-01.jpg

Новак Ѓоковиќ често знае да истакне дека неговиот начин на исхрана во голема мера е еден од главните фактори за неговиот успех.

И иако на многумина им се чини дека овој начин на исхрана е невозможен за обичните луѓе, една девојка на ТикТок се обиде да појадува исто како него.

Таа направи експеримент со кој сакаше да покаже како изгледа вообичаено појадокот на светски познатиот тенисер, кој ѝ го донесе првото олимписко злато на Србија во тенис, а видеото од експериментот го објави на ТикТок.

Корисничката Маријана на својот ТикТок профил @justeatme__, редовно споделува рецепти за здрави оброци и десерти, а во едно од видеата покажа како изгледа појадокот на Ноле.

Кои се нејзините впечатоци?

Топла вода со лимон

Познато е дека Новак посебно внимание обрнува на хидратацијата на организмот, па во една пригода откри дека денот го започнува со топла вода со лимон.

„Денот го започнувам со топла вода со лимон за да му помогнам на телото да се детоксицира и да проработи метаболизмот“ – вели тој.

pojaduvav-kako-novak-gjokovikj-kakvi-se-moite-vpechatoci-02.jpg

Во видеото и Маријана го направи истото.

pojaduvav-kako-novak-gjokovikj-kakvi-se-moite-vpechatoci-03.jpg

Зелено смути

Во една пригода Ноле откри дека за него зеленото смути е одличен начин набрзина да внесе голем број хранливи материи во организмот и дека обично користи овошје, зеленчук и суперхрана.

Маријана нејзиното смути го направи од спанаќ, краставица, ѓумбир и јаболко, а сама признава дека нема од алгите што Ноле обично ги пие.

Но, според неа вкусот на смутито е одличен.

pojaduvav-kako-novak-gjokovikj-kakvi-se-moite-vpechatoci-04.jpg

Гранола со зеленчук

Ноле исто така во повеќе наврати нагласил дека во неговата исхрана го исклучил целосно глутенот и дека тоа направило голема разлика во неговиот живот и кариера.

„Се чувствувам полесно, поенергично, а времето што ми е потребно за закрепнување по натпреварите е значително пократко“ – изјави Ноле.

pojaduvav-kako-novak-gjokovikj-kakvi-se-moite-vpechatoci-05.jpg

Маријана се обиде да направи гранола по рецептот на Ноле и беше импресионирана од вкусот.

„Морам да признаам дека ова многу ми се допаѓа. Така што на овој лесен појадок му давам чиста десетка. Ми останува само уште да земам рекет и да играм тенис“ – вели Маријана.

pojaduvav-kako-novak-gjokovikj-kakvi-se-moite-vpechatoci-06.jpg

Погледнете го видеото во целост:

@meridzejn__

Sad sam spremna za sledece olimpijske igre

♬ Mozart Minuet with violin(815356) - 松本一策

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава