Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости)
Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигурно ќе посакате да си направите нешто од следниве здрави ужинки за да јадете без грижа на совест.

Не мора да бидете на диета за понекогаш да си направите здрави мезиња кои се воедно вкусни и изгледаат добро.
Ако ви значи естетиката при послужување на храна, тогаш овие идеи сигурно ќе ви бидат од корист, па дури и за да ги послужите пред гости.
Инспирирајте се во продолжение:
Сендвичи од крукчиња банана + путер од кикиритки + потопени во темно чоколадо

Сендвичи од крукчиња краставички + мисиркини гради + урда или младо сирење

Бабури пресечени на половина + грчки јогурт + младо сирење + семиња

Банани пресечени на половина по должина + путер од кикиритки + разни овошки или парчиња темно чоколадо

Јаболка пресечени на кругови + путер од кикиритки + чоколадни трошки

Оризови галети + грчки јогурт / путер од кикиритки / здрав чоколаден намаз + овошје + јатки

Краставици исечени по должина, издлабени + туна + кромитче + семиња

Зелна даска од пиперки + целер + краставички + брокула + хумус

Листови од марула + туна + сок од лимон + авокадо

M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Идеи како велигденски да сервирате храна на даска (за гостите да ве пофалат)
Даска со крем салата во форма на зајче со други додатоци, ладни мезиња подредени...
3 лесни идеи за храна со срца - изненадете ја саканата личност на „Денот на вљубените“ (видео)
Лепче со чоколадно срце исполнето со мармалад, палачинка со љубовни мотиви и мин...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна
Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не?
Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Тура со десерти низ Македонија – најубавите благи специјалитети што треба да ги пробате
Крушевски локум и пуслици, слатко од смокви во Гевгелија и Валандово, пишии со м...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer
Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...