3 лесни идеи за храна со срца - изненадете ја саканата личност на „Денот на вљубените“ (видео)
Лепче со чоколадно срце исполнето со мармалад, палачинка со љубовни мотиви и мини или голема пица во форма на срце - инспирирајте се за вкусни љубовни специјалитети и погледнете како брзо и лесно да ги направите.

Доколку сакате да ја изненадите саканата личност за Денот на вљубените, а не сте баш подготвени, имаме идеја.
Може да направите некој љубовен специјалитет за појадок или вечера, што се прави многу лесно, а може да си добиете поени.
Некои од овие идеи можеби веќе ви се појавиле на социјалните мрежи, со оглед на тоа што се популарни заради тоа што се едноставни, а оставаат впечаток и оддаваат внимание.
Одберете што најмногу ви се допаѓа:
Мини пици или голема пица од готово тесто исечено со форма на срце, кашкавал и мали срца од кулен

Погледнете го видеото:
Лепче со чоколадно срце
На нелеплива тава исцртајте срце од чоколадо, ставете лепче одозгора без многу да стискате, а кога ќе се запече превртете го и исполнете го срцето со мармалад.

Погледнете го видеото:
Палачинки со љубовни мотиви
Направете смеса за палачинки, а потоа на тавата нацртајте срце со чоколадо, па кога малку ќе се запече истурете смеса за палачинки. Истото може да го направите и со повеќе мали срце или со текст „Те сакам“.

Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело
