Грешки поради кои храната ви се расипува брзо (и ризикувате да добиете труење)
Го преполнувате фрижидерот, не ја ставате храната во фрижидер навреме и заедно чувате жива и готвена храна – со некои грешки не само што го скратувате рокот на храната, туку ризикувате и да добиете труење.
Начинот на којшто ја складирате храната има огромно влијание врз тоа колку ќе ви трае.
И, некогаш не е доволно само да ја ставите во фрижидер, туку треба да земете предвид и некои други фактори:
Грешки со кои храната се расипува побрзо, но и се зголемува ризикот од труење:
Го преполнувате фрижидерот
Ако го преполните фрижидерот, ќе се намали циркулацијата на студен воздух во внатрешноста.
Поради ова, фрижидерот потешко ќе ја постигне оптималната температура со што одредени продукти може да се расипат побрзо. Истовремено, може и самиот фрижидер да се расипе побрзо.
Кромидот и компирите ги чувате заедно
Кромидот ослободува гас кој го забрзува ’ртењето на компирите и со тоа им го намалува рокот на траење. Од друга страна, компирите ослободуваат влага која може да го омекне кромидот и да создаде мувла.
Затоа, никогаш немојте да ги чувате заедно или во непосредна близина.
Ја чувате храната во пластични садови
Некои видови пластика не се погодни за складирање храна бидејќи со текот на времето ослободуваат хемикалии, особено ако се изложени на топлина.
Исто така, ако на пластиката има мали гребаници, во неа лесно можат да се соберат бактерии кои ќе биде тешко да се отстранат со миење, а побрзо ќе ја расипат храната.
За складирање храна секогаш најдобри се стаклените садови. Или, ако користите пластични, за секој тип храна користете посебен сад, за да не дојде до контаминација.
Не ја ставате храната во фрижидер навреме
Генерално, храната која треба да се чува во фрижидер, може да издржи најмногу два часа на собна температура пред да почнат да се развиваат бактерии. Во лето, кога температурите се повисоки, овој процес може да почне уште побрзо.
Ова важи и за продукти како месо, и за готвена храна.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





