Грешки поради кои храната ви се расипува брзо (и ризикувате да добиете труење)

Го чувате месото на најгорната полица во фрижидерот

Живото месо има бактерии, па ако го чувате на најгорната полица во фрижидерот и месото претече, сите бактерии ќе завршат на намирниците подолу.

Живото место е најдобро да го чувате во добро затворена амбалажа, на најдолната полица.

greshki-poradi-koi-hranata-vi-se-rasipuva-brzo-i-rizikuvate-da-dobiete-truenje-06.JPG

Го отстранувате мувлосаниот дел и го чувате остатокот од храната

Кога станува збор за тврда храна, како тврд кашкавал, во ред е да го пресечете мувлосаниот дел и да го искористите остатокот.

Истото важи и за потврди овошја и зеленчуци – на пример, ако има мувла на само еден портокал, фрлете го тој и другите би требало да се добри за јадење ако немаат знаци на мувла.

Но, кај продукти како леб, јогурт, мармалад, меки сирења и слично, не ризикувајте и фрлете ги ако забележите мувла.

Во помеката храна, мувлата може да е проширена насекаде, без разлика што ја гледате на само еден дел.

Па, ако не ги фрлите, може да се расипат и други намирници во фрижидерот, но и да добиете труење ако ги изедете.

greshki-poradi-koi-hranata-vi-se-rasipuva-brzo-i-rizikuvate-da-dobiete-truenje-07.JPG

Не обрнувате внимание на температурата во фрижидерот

Препорачано е температурата на фрижидерот да биде 3 степени Целзиусови, додека на замрзнувачот -18 степени Целзиусови.

Со ова храната внатре ќе трае подолго.

greshki-poradi-koi-hranata-vi-se-rasipuva-brzo-i-rizikuvate-da-dobiete-truenje-08.JPG

Замрзнувате храна која веќе е одмрзната

Штом некоја храна стоела надвор од замрзнувач повеќе од еден час, подобро фрлете ја, особено ако е месо, морска храна или зготвено јадење. Еден час е сосема доволно да почнат да се развиваат бактерии.

Кога одмрзнувате храна, секогаш е побезбедно да ја ставите во фрижидерот каде температурата е доволно висока да за одмрзне, но и доволно ниска за да го спречи ширењето на бактерии.

greshki-poradi-koi-hranata-vi-se-rasipuva-brzo-i-rizikuvate-da-dobiete-truenje-09.JPG

Не ја одвојувате живата од готвената храна

Никогаш не треба да мешате жива и готвена храна, особено месо.

Веќе спомнавме дека на живата храна, како месо, има бактерии кои можат да ја контаминираат готвената храна.

greshki-poradi-koi-hranata-vi-se-rasipuva-brzo-i-rizikuvate-da-dobiete-truenje-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...

Најчитани неделава