Диетални намирници кои дебелеат

Храната со ознака „ниско ниво на масти”, не значи дека е добра и дека ќе ви помогне да ослабете. Дури 10% од ниско масните намирници содржат еднаков број на калории како и нивните високо масни двојници.

dietalna-hrana-koja-debelee-1

Кога производителите ги отстрануваат мастите, додаваат шеќер, сол и адитиви за храната да биде вкусна.

Во продавниците за здрава храна не е сѐ здраво и диетално:

1. Ароматизирана вода

Со разни вкусови и додатни витамини, оваа вода не ви оди во прилог доколку држите диета. Ароматизираната вода е преполна со шеќери.

dietalna-hrana-koja-debelee-2


2. Овошен шејк

Кога го подготвувате дома секако дека е поздраво од купеното, но внимавајте што ставате во него. Ако не штедите на банана, кикирики, млеко, бадеми, тогаш консумирате пијалак кој има повеќе од 650 калории, што му доаѓа исто како еден хамбургер.

dietalna-hrana-koja-debelee-3jpg


3. Разни бисквити и мафини

Се рекламираат како здрава ужина, погодна и за деца. Меѓутоа, 30% од еден таков бисквит е составен од рафиниран шеќер, а и огромно количество на масти. Подобро изедете чоколадна крофна.

dietalna-hrana-koja-debelee-4jpg


4. Сладолед на база на јогурт

Во последно време голема популарност стекнаа овие сладоледи. Кога станува збор за мастите, јогуртот ја добива битката во однос на класичниот сладолед. Меѓутоа, ако зборуваме за шеќерот и калориите, помеѓу класичниот сладолед и замрзнатиот јогурт нема никаква разлика.

dietalna-hrana-koja-debelee-5jpg

Дополнителен совет:

Внимавајте да не ги мешате слатките кои се рекламираат со 0 масти, во споредба со диетална храна. Тоа што нема масти не значи дека оброкот не содржи многу шеќер и калории. Понекогаш е попаметно да појадувате во пекара отколку од продавницата за здрава храна. 

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...

Најчитани неделава