Ако мислевте дека овие намирници се диетални, во заблуда сте

Огромен дел од намирниците за секојдневна исхрана се рекламираат како здрави и диетални, без да ги имаат овие карактеристики.

ako-mislite-deka-ovie-namirnici-se-dietalni-vo-zabluda-ste-01.jpg

Токму затоа, голем дел од диетите се неуспешни. Ако и вие сте се нашле во ваква замка до сега, избегнувајте ги следниве 5 намирници:

Вода збогатена со витамини

Овие пијалаци се рекламираат како здрави затоа што содржат витамини и минерали, но вистината е дека треба да се задржите до обичната вода. Иако на табелите ќе видите мал број на калории, вистината е дека во нив се наоѓа голема количина шеќер. Покрај тоа, тука се вештачките бои и ароми.


Овошен јогурт

Комбинацијата на здравиот јогурт полн со пробиотици и свежо овошје е најздрава, па така водејќи се по оваа логика заборавате на скриените шеќери и бои кои се ставени во готовите овошни јогурти. Многу подобра алтернатива е домашно подготвениот овошен јогурт со малку мед.


Плочки од житарки

Уште една „здрава“ ужина која не е препорачлива. Всушност, овие плочки имаат многу блиски хранливи вредности до чоколадото кое мислите дека го избегнувате. Никој на етикетата не предупредува „преполно со шеќери,“ затоа подобро е да каснете овошје отколку вакви житарки.


Производи со 0% масти

Намирниците без масти се вистинска замка за луѓето кои се обидуваат да ослабат, затоа што мислат дека без масти значи и без калории. Погрешно! Недостатокот на масти често се заменува со непотребни шеќери за вкусот да биде подобар.


Мусли

Поголемиот дел од муслите содржат огромна количина масти и шеќери кои го нарушуваат здравјето. Затоа секогаш проверувајте ја табелата на вредности пред да се одлучите за нешто „здраво.“

Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...

Најчитани неделава