Како да се здебелите на здрав начин?

Постојано пишуваме и читаме за диети и како да ослабиме, но подзабораваме дека некои девојки имаат проблем и со премалата тежина и здебелувањето.

kako-da-se-zdebelite-na-zdrav-nacin-01

Додека некои им завидуваат на тоа што може да јадат што сакаат и колку сакаат, без да им се познава ниту килограм плус, тие си имаат мака со здебелувањето.

Затоа, неопходно е и тие да го најдат здравиот начин на здебелување и постигнување на посакуваната тежина.

Тоа не значи да претераат, туку да може постепено да ја добијат потребната маса за да не изгледаат преслабо.

Прво и најважно правило е да не ја пребирате храната. Многу е важно да биде разновидна и да не исклучувате одреден тип од исхраната, туку да ви биде застапено и овошјето, зеленчукот, рибата, месото и житарките.

Слободно може постојано да грицкате бадеми, лешници, ореви. Квалитетните намирници како што се кикирики, јајца, путер, сирење се пожелни во исхраната.

kako-da-se-zdebelite-na-zdrav-nacin-1.jpeg

Второ правило е редовната исхрана, која покрај трите главни оброци вклучува и два меѓуоброка дневно.

Пожелна е умерена физичка активност, но не претерана. Сепак, не ја исклучувајте целосно, тоа за никого не е препорачливо.

Движењето на чист воздух може да ви го отвори апетитот. Водете сметка дали редовно и квалитетно спиете и задолжително внесувајте поголема количина вода.

Брзото дебелеење е еднакво штетно како и брзото слабеење, затоа е важно сè да правите редовно, умерено и постепено.

На тој начин ќе го зајакнете имунитетот, организмот и ќе го зголемите апетитот онолку колку што му е потребно на вашето тело.

За поттикнување на апетитот на природен начин добро е да пиете чаеви кој го активираат лачењето на желудочен сок, како: камилица, нане, босилек, ѓумбир и други.

kako-da-se-zdebelite-na-zdrav-nacin-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава