Како да ги отстраните непријатните мириси од пластичните садови?

Повеќето луѓе секојдневно користат пластични садови за да го складираат остатокот храна во фрижидерот, да однесат јадење на работа и слично.

otstranete-gi-neprijatnite-mirisi-od-plasticnite-sadovi-001

Но, нивното чистење и не е наједноставно. Се задржуваат непријатни мириси и маснотии кои, сепак може да се отстранат на неколку начини:

1.Измијте ги најбрзо што можете по користењето – Најдобро е да ги измиете со сјај и топла вода, додека маснотијата од храната не се задржала во внатрешноста.

2. Измијте ги со оцет – Откако ќе ги измиете со сјај и топла вода, сипете оцет и оставете го да отстои барем 3 минути. Измијте го повторно и оставете да се исуши.

3. Сипете малку сол во нив – Ако ги оставате за да ги измиете подоцна, потурете малку сол која ќе ги разгради маснотиите и мирисите додека да дојде времето за миење да не се закорават.

4. Наполнете ги со весници – Старите весници ставете ги во пластичните садови кои еднаш ќе ги измиете. Но, мора повторно да ги измиете пред следната употреба.

5. Употребете сода бикарбона – Содата е одлично средство за чистење и отстранување на непријатните мириси. Помешајте ја со малку вода за да направите густа паста со која ќе ги истриете убаво пластичните садови. Оставете ја да отстои барем еден ден, а потоа темелно измијте ги. Повторете ја постапката додека целосно не исчезнат мирисите.

Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава