За најмрзеливите - 9 начини како да согорите калории без напор

„Празници се ближат, калории се нижат“, реченица која ќе ја разберат само оние што постојано внимаваат на својата фигура, независно дали се мажи или жени.

za-najmrzelivite-9-nacini-kako-da-sogorite-kalorii-bez-napor-1

За време на празниците посебно во зимскиот период сите ставаме некое килце плус, но тоа не е ништо страшно ако знаете како да ги согорите мастите и калориите на најлесен начин.

Доколку сте едни од оние мрзеливите кои не можат да замислат напорно вртење на педалата на Орбитрекот во теретана, погледнете ги овие 9 начини на кои може да ги согорите калориите без никаков напор.

Џвакајте мастика

Џвакањето мастика или јадењето гумени бомбони кога ќе се појави гладот е најдобар начин за да го убиете истиот.

Поправајте ја колата сами

Без разлика дали ќе одлучите да ја поправате колата или сами да ја измиете, ова е еден начин на кој ќе загубите калории поради вложениот напор во колата, што може да се класифицира како физичка активност.

Користете ги скалите и подолгиот пат

Веќе добропознатото правило за слабеење е користење на скалите наместо лифтот, кое сигурно иако го знаете никогаш не го практикувате. Започнете од денес ако сакате да загубите некоја калорија плус. Исто така се препорачува доколку одите некаде пешки да тргнете по подолгиот пат наместо скратениот.

Куглајте

И забавно и корисно за телото, куглањето можеби не ви изгледа како спортска активност бидејќи навистина тоа и не е, но доколку забележите колку истегнувања и трчања по топката за куглање се прават тогаш ќе сфатите дека куглањето е еден вид на физичка активност која помага во согорување на калории.

za-najmrzelivite-9-nacini-kako-da-sogorite-kalorii-bez-napor-2

Скокајте со јаже

Сигурно ова го немате правено уште од детството, па затоа земете го јажето и скокајте во вашата соба или двор без да се грижите што ќе речат оние што ве гледаат. Со скокањето со јаже не само што ги затегнувате мускулите на рацете и нозете, губите и калории на лесен, детски начин.

Џвакајте ја храната бавно

Освен што треба да ја џвакате храната, пробајте тоа да го правите бавно. Не само што ќе изедете помалку и побрзо ќе се заситите, познато е дека луѓето кои јадат побавно не внесуваат исто калории како оние што јадат набрзина.

Јадете 3 пати дневно, но во мала количина

Џвакајте ја храната бавно 3 пати на ден, но во мала количина. Никако не прескокнувајте оброк, а ужинка правете за да го убиете гладот. Може да каснете овошје или салата која ќе ве засити до главниот оброк.

Спијте колку што е можно подолго

Кога спиете, не сте во состојба да јадете – кратко и јасно.

Смејте се

Смеењето можеби го продолжува животот, но ги скратува масните наслаги и ги намалува калориите, затоа смејте се почесто, уживајте во мрзеливоста и слабејте на овие 9 лесни начини без многу напор.

Би можело да ве интересира:

Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg