Гратис совети за слабеење кои стручњаците скапо би ви ги наплатиле

Кога држите диета, не е сè само во тоа каква храна внесувате и дали се придржувате до одреден режим. Еднакво важни се и некои навики, но и трикови за кои доколку посетувате некој центар за слабеење, скапо би ви ги наплатиле за да ги дознаете како екстра совети.

gratis-soveti-za-slabeenje-koi-strucnjacite-skapo-bi-vi-gi-naplatile-01

Еве дел од нив:

Сокријте ја својата слабост

Ако некоја храна е извор на вашата слабост без разлика дали се работи за некои грицки или за друга храна која можете непрекинато да ја консумирате – важно е да ја ставите на сигурно место, подалеку од вашиот видик. Истото може да го направите и ако ја сместите во непроѕирни пластични садови кои нема да ве привлечат да ги отворите.


Водете се според правилото на 10 отсто

За секои 10 грама јаглени хидрати, внесете барем 1 грам хранливи влакна. Потребни се баш 10 отсто затоа што тоа е размена на необработени природни зрна. За здравата исхрана важни се и јаглените хидрати и влакна, но влакната се многу често занемарени во индустриски обработената храна.


Различно зачинета храна

За разлика од рестораните за брз храна, каде користат иста мешавина на зачини за да ве привлечат со мирисот и да внесете повеќе калории, одберете го спротивното. Употребувајте различни зачини за различна храна кои ќе ѝ дадат посебна богата арома и ќе внесете помалку калории.

gratis-soveti-za-slabeenje-koi-strucnjacite-skapo-bi-vi-gi-naplatile-2.jpg

Ладни тестенини

Дали знаете дека помалку ќе се здебелите ако пред консумирањето тестенините ги ставите во фрижидер? Падот на температурата ја менува структурата на тестенините па телото мора повеќе да се потруди за да ја свари. Студените тестенини се по структура слични на гравот и грашокот кои се варат дури во дебелото црево. Подгревањето на тестенините го уништува овој ефект.


Намалено светло

Според некои истражувања се заклучило дека луѓето во просек внесуваат 175 калории помалку ако јадат во послабо осветлен ресторан, отколку доколку јадат во ресторан кој е насекаде силно и прозрачно осветлен.


Овошјето јадете го наместо да го пиете

Овошните сокови се полни со шеќери и многу се нездрави, така што само го зголемуваат ризикот од добивање дијабетис, додека јадењето овошје како јаболка, грозје или боровница можат да го намалат тој ризик од 23 отсто.

gratis-soveti-za-slabeenje-koi-strucnjacite-skapo-bi-vi-gi-naplatile-1.jpg

Купувајте во готово

Откриено е дека оние кои купуваат нездрава храна и слатки почесто плаќаат со картички. Иако овој податок може да зборува и за финансиската состојба на потрошувачот, сепак помалку ќе купувате доколку ги давате парите во готово.


Пијте вода

Постојано се зборува за тоа колку е важно внесувањето на поголема количина вода. Доколку секојдневно се пие до 1,5 литри вода, тоа допринесува за согорување на 17.400 калории годишно.


Ако сте на диета, направете си потсетници

Неодамнешното истражување покажало дека оние кои се обидуваат да ослабат имаат поголем успех ако секојдневно се потсетуваат на своите цели. Без разлика дали ќе си поставуваат аларми или пораки кои постојано ќе ги потсетуваат на целите кои ги имаат и резултатите кои треба да ги постигнат.

Би можело да ве интересира:

4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg