Како да ги победите запекот и тврдата столица?

Секој барем еднаш во животот се има соочено со овие незгодни проблеми кои нè иритираат бидејќи истите се поврзани со нашиот организам кој не може да функционира правилно поради нив.

kako-da-gi-pobedite-zapekot-i-tvrdata-stolica-2

Доколку моментално сте на сред еден ваков проблем или пак се соочите со него во иднина, искористете ги овие два едноставни народни рецепти кои ќе ви помогнат да ги решите проблемите со запекот и тврдата столица за само еден ден.

За запек:

Во еден литар вода ставете 100g овес и 100g пченица и оставете да се сварат.

Сварениот овес заедно со пченицата консумирајте ги цел ден како ужинка, а водата во која што се вареа пијте ја наместо обична вода.

Се препорачува додека имате проблеми со запекот да не јадете обилни оброци, сè додека истиот не се реши со помош на овој природен рецепт.

За тврда столица:

Земете 500g суви смокви, 500g сува модри сливи и 3 литри вода. Смоквите и сливите ставете ги во водата да се варат сè додека течноста не се намали некаде околу половина литар.

Пијте по 100ml од течноста пред и по секој оброк и проблемот со тврдата столица ќе се реши за краток период.

kako-da-gi-pobedite-zapekot-i-tvrdata-stolica-1

Дали вие знаете некој народен рецепт за овие проблеми?

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава