Бонтон на маса: Колачите се јадат со раце, компирот не се сече со нож

Колку и да сте убедени дека колачите се земаат со виљушка, а сирењата и компирите се сечат со нож - грешите. Бонтон правилата се сосема поинакви кога сте на маса.

bonton-na-masa-kolacite-se-jadat-so-race-kompirot-ne-se-sece-so-noz-01.jpg

- Сендвичите, погачите и кифличките се земаат исклучиво со раце. Ако се големи се сечат со нож и се гризат. Ова правило важи за сите пити со мак и ореви.

- Супата се јаде со лажица која ја држите во десната рака. Ако е жешка, не смее да ја дувате, туку малку да почекате. Кога супата е при крај, чинијата може да ја поткренете, но на спротивната страна, не кон вас. Ако супата се сервира во длабока шолја, треба да се јаде со мала лажица. Преголемите кнедли лесно исечете ги со работ на лажицата.

- Шпагетите се јадат со виљушка и лажица, а француската салата и пршутата со нож и виљушка.

bonton-na-masa-kolacite-se-jadat-so-race-kompirot-ne-se-sece-so-noz-04.jpg

- Јајцата се јадат на различни начини, зависно од тоа како се подготвени. Меко вареното јајце се јаде со лажица, послужено во мала шолја. Ако не е излупено, се лупи само горната третина. Кајганата и јајцето на око се јаде со виљушка, а тврдо вареното јајце со рака.

- Парчињата леб и погачите се кинат со рацете и се ставаат во уста. Не е убаво да го дробите и мацкате лебот во млеко, јогурт или чај. Лебот не треба да го грзете со заби.

bonton-na-masa-kolacite-se-jadat-so-race-kompirot-ne-se-sece-so-noz-02.jpg

- Сирењето се јаде на различни начини. Мекото кравјо сирење и кајмакот се јадат со лажица. Тврдите сирења се сечат со нож на парчиња и се јадат ставени врз мало парче леб. Ако сирењето е послужено на чинија, се јаде со виљушка и нож.

- Пилешкото месо се двои од коските со нож и виљушка, не со прсти.  Не треба да го исечете целото одеднаш, туку парче по парче. Ова важи за секој вид на месо.

- Сите видови на компир (варен или пржен) се јадат со виљушки. Не се сечат со нож за време на јадењето, ниту се гмечат со виљушката. Само чипсот се јаде со рака.

- Остригите се држат во левата рака, се отвораат со виљушка. Кавијарот се става со нож на леб и се јаде со рака.

bonton-na-masa-kolacite-se-jadat-so-race-kompirot-ne-se-sece-so-noz-05.jpg

- Раковите се земаат и чистат со прсти. Оклопот се држи со десна рака, а со левата го чистите месото, па го јадете со виљушка.

- Рибите се јадат со посебен широк нож и виљушка. Со ножот треба да ја преполовите рибата, да ги одвоите коските и да ги ставите на работ од чинијата или во посебна чинија, доколку имате покрај вас.

- Компотот се јаде со средна лажица. Семките ги спуштате во лажицата и ги ставате на работ од чинијата.

- Тортите, овошните и чоколадните колачи, како и палачинките се јадат со виљушка. Кремот и пудингот исклучиво со мала лажичка.

- Ситните колачиња се земаат и јадат со раце, не со мали виљушки.

bonton-na-masa-kolacite-se-jadat-so-race-kompirot-ne-se-sece-so-noz-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Алтернативи за кујнски алатки што веќе ги имате дома (за да не купувате за една употреба) Стаклено шише наместо сукало или најобична чаша наместо шаблони за колачиња. Со ...
Идеи како велигденски да сервирате храна на даска (за гостите да ве пофалат) Даска со крем салата во форма на зајче со други додатоци, ладни мезиња подредени...

Најчитани неделава