Сите тајни на цвеклото: Го јакне либидото, ја фарба косата, се прави вино

Сите љубители на здравата храна знаат колку лековити материи се наоѓаат во цвеклото. Но, некои факти не се толку познати, а звучат интересно.

site-tajni-na-cvekloto-go-jakne-libidoto-ja-farba-kosata-se-pravi-vino-01

1. Едно од првите познати својства на цвеклото е дека има ефект на афродизијак. Имено, уште во античко доба цвеклото се користело како состојка која го зголемува либидото. Тоа содржи висок процент борон, минерал кој е познат како стимулатор на либидото.

2. Во некои култури, ако мажот и жената јадат исто цвекло, значи дека се заљубени.

3. Ако го сварите цвеклото и со таа вода го премачкате коренот на косата, може да го елиминирате првутот.

4. Еден асирски текст кој потекнува од 800 г.п.н.е. го опишува цвеклото како составен дел од висечките градини во Вавилон , кои биле едно од седумте светски чуда.

5. Од 16. век цвеклото се користи како природна црвена боја. Во Англија во 19. Век цвеклото се користело како фарба за коса.

6. Од цвеклото може да се прави и вино.

7. Во Австралија е вообичаено во хамбургерите да се става тенко исечкано цвекло.

8. Цвеклото има висок процент на шеќер. Меѓутоа, шеќерот од цвеклото полека се излачува откако ќе се консумира и нема да почувствувате наеднаш сладок вкус, како кога јадете чоколадо.

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава