Внимавајте: Овaa храна е поопасна отколку што изгледа

Некои производи колку и да ви изгледаат привлечно и вкусно, може сериозно да му наштетат на вашето здравје. Тоа не значи дека ќе се разболите ако ги пробате, но подобро е да ги избегнувате колку што може повеќе.

vnimanie-ovie-proizvodi-se-poopasni-otkolku-sto-izgledaat-01

Според резултатите од едно направено истражување со кое се направени испитувања за потенцијалните токсини во храната, ова се производите кои би требало да ги избегнувате.

1. Преработеното месо

Саламите, шунката, виршлите и сланината не само што се преполни со нездрави масти туку може да содржат и до 400 отсто повеќе натриум и 50 отсто повеќе конзерванси отколку црвеното месо. Она што е пострашно е дека содржат и многу нитрати и нитрити кои се сметаат за можни предизвикувачи на неколку видови рак, а токму тие се они кои им ги даваат убавите боја и мирис на овие производи.

vnimanie-ovie-proizvodi-se-poopasni-otkolku-sto-izgledaat1.jpg


2. Маргарин

Бидејќи маргаринот е направен од растителни масти и има помалку холестерол и заситени масти отколку путерот, долго се мислеше дека е поздрав од него. Но, сега стручњаците тврдат дека холестеролот и не е толку лош во споредба со солта и транс мастите кои се наоѓаат во маргаринот и кои ги блокираат артериите. Транс мастите како и заситените масти го подигнуваат нивото на холестерол во крвта и се зголемува ризикот од болести на срцето.

vnimanie-ovie-proizvodi-se-poopasni-otkolku-sto-izgledaat-2.jpg


3. Газиран сок

На сите им е познато дека газираните сокови се нездрави. Само една лименка газиран сок содржи околу 10 лажици шеќер. Кога ќе внесете толку шеќер, вашиот организам почнува да произведува голема количина инсулин за на тој начин да се впие шеќерот  во крвотокот и да го искористи како енергија. Ако овој процес се одвива почесто, може да заболите од дијабетес и некои видови на рак.

vnimanie-ovie-proizvodi-se-poopasni-otkolku-sto-izgledaat-3.jpg


4. Колачи „без шеќер“

Дури и оние слатки на кои пишува дека се „без шеќер“ содржат вештачки засладувачи. Системот за варење не е толку добар во обработката на замените за шеќерот. Ако претерате со ваквите слатки може да добиете сериозни болки и грчеви во стомакот.

vnimanie-ovie-proizvodi-se-poopasni-otkolku-sto-izgledaat-4.jpg


5. Леб и крекери со калиум бромат

Калиум броматот е хемикалија која се додава на некои крекери и во некои видови леб за време на печењето, без оглед на тоа што некои истражувања ја поврзуваат со некои видови рак и е забранета во некои земји. Ако купувате пакуван леб или крекери погледнете ја добро етикетата која е залепена.

vnimanie-ovie-proizvodi-se-poopasni-otkolku-sto-izgledaat-5.jpg


6. Пуканки во микробранова

Кесичките во кои се наоѓаат пуканките за подготовка во микробранова често содржат хемикалија PFOS киселина, која негативно влијае на плодноста, работата на бубрезите и го зголемува ризикот од рак. Бидејќи на самото пакување некои состојки не се наведени, би требало да ги избегнувате сите видови пуканки кои се наменети за подготовка во микробранова. Освен тоа, некои пуканки содржат и транс масти и вештачки вкусови кои се исто така штетни.

vnimanie-ovie-proizvodi-se-poopasni-otkolku-sto-izgledaat-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg