Што е поздраво: Кафе или чај? Путер или маргарин?

Постојано се кршат копјата околу тоа кои намирници се подобри и поздрави. Колку пати досега сме се нашле во недоумица кој продукт да го одбереме, а кој да го оставиме на полицата во маркетот.

sto-e-pozdravo-kafe-ili-caj-puter-ili-margarin-01.jpg

Еве што препорачуваат експертите:

Путер или маргарин?

Путерот е направен од природни состојки додека маргаринот најчесто е преработен и содржи хидрогенирани масти кои се многу поштетни од заситените масти кои се наоѓаат во путерот.


Конзервирано или замрзнато?

Тешки метали како алуминиум, олово и жива може да се најдат во храната која е конзервирана, додека замрзнатите намирници може да бидат еднакво добри како и свежите.


Засладувачи или шеќер?

Шеќерот нема хранлива вредност и директно е поврзан со здебелувањето. Колку повеќе јадете шеќер, толку повеќе инсулин ослободува вашето тело и уште толку ви се јаде благо. Од друга страна, вештачките засладувачи се поврзани со промени во расположение, депресија но и зголемување на телесната тежината бидејќи тие може да го забават процесот на варење и го зголемуваат апетитот. Експертите препорачуваат користење на природни засладувачи како цимет и стевиа.


Полномасно млеко или млеко со помал процент на масленост?

На прв поглед полномасното млеко може да изгледа нездраво бидејќи содржи повеќе масти но тие масти всушност помагаат во апсорбирањето на витамините А и Д. Полномасното млеко прави подолго да се чувствувате сити.


Ориз или интегрални оризови крекери?

Оризовите крекери имаат понизок гликемиски состав. Тоа значи дека помагаат при регулирањето на нивото на шеќерот во крвта и прават подолго да се чувствуваме сити.


Кашкавал или сирење?

Сирењето, освен што има појак вкус, има помалку масти и калории и побрзо заситува.


Свежо или суво овошје?

Во составот на свежото овошје има дури 80 проценти повеќе вода, што значи дека побрзо ќе не засити. Сувото овошје понекогаш може да содржи и хемикалии и дополнителни шеќери.


Свеж или замрзнат зеленчук?

Свежиот зеленчук секогаш е подобар избор бидејќи содржи повеќе витамини и минерали од замрзнатиот. Но, ако купувате зеленчук надвор од сезона, подобро е да го купите замрзнат бидејќи многу од хранливите состојки се губат за време на транспортот од земјата во која расте. Замрзнатиот зеленчук најчесто се замрзнува веднаш после берењето и ги задржува скоро сите хранливи вредности.

sto-e-pozdravo-kafe-ili-caj-puter-ili-margarin-02.jpg

Овошје или овошен сок?

Овошниот сок е богат со природен шеќер и постои опасност да внесете премногу шеќер во организмот. Овошките се полни со растителни влакна, витамини, минерали и антиоксиданти. Кога ќе земеме во предвид дека целото овошје треба да го џвакаме, многу е помала можноста на таков начин да внесеме премногу шеќер.


Ориз или тестенини?

Експертите го препорачуваат оризот бидејќи и онака премногу консумираме пченични производи.


Павлака или јогурт?

Иако павлаката има повеќе масти, на 100 грама содржи дупло повеќе протеини од јогуртот кои прават подолго да се чувствуваме сити.


Млеко од крава или млеко од соја?

Млекото од крава е богато со калциум, витамин Д и витамин Б2. За жал, многумина се пречувствителни или пак се сосем нетолерантни на лактоза или на протеинот казеин кој се наоѓа во млекото. Ако не е органско, млекото може да содржи и антибиотици. Соиното млеко е солидна замена, иако истражувањата покажуваат дека сојата може негативно да влијае врз хормоналната рамнотежа.


Млечно или црно чоколадо?

Црното чоколадо содржи значително помалку јаглехидрати од млечното и белото чоколадо. Темното чоколадо има специфичен горчлив вкус па помали се шансите дека ќе претерате со консумирањето. Исто така, хранливите материи во поголеми количества се наоѓаат во црното чоколадо.


Црвено месо или пилешко месо?

И двете се одличен извор на протеини. Пилешкото содржи помалку калории и масти додека црвеното месо во себе има повеќе железо, цинк, селен и витамин Б12, кои се од витално значење за нашата енергија и имунитет.

sto-e-pozdravo-kafe-ili-caj-puter-ili-margarin-03.jpg

Конзервирана или свежа риба?

И двете имаат слични прехрамбени вредности. Единствен исклучок е туната бидејќи при конзервирањето се уништуваат омега-3 масните киселини.


Маслиново масло или масло од репка?

И едното и другото имаат бројни прехранбени придобивки. Експертите за пржење го препорачуваат маслото од репка бидејќи нема да изгори на висока температура додека маслиновото масло се препорачува да се користи како додаток во салати и преливи.


Кафе или чај?

И кафето и чајот имаат свои предности но на прво место секогаш ќе биде зелениот чај, поради лековитите својства. Тој содржи помалку кофеин од кафето, но затоа содржи антиоксиданси кои заедно со кофеинот ја подобруваат концентрацијата и работата на мозокот. Зелениот чај е одличен и за слабеење-научно е докажано дека ги согорува мастите.


Масти или јаглехидрати?

Исхраната во која се внесуваат помалку јаглехидрати не значи дека не ги внесуваме доволно бидејќи јаглехидратите се наоѓаат и во овошјето, зеленчукот, житарките. Најголемиот дел од луѓето и онака внесуваат премногу јаглехидрати преку консумирањето леб, ориз, тестенини... а тоа се всушност таканаречените празни калории.

Мастите, од друга страна, се неопходни за здравјето и долгиот живот. Тие ја забавуваат апсорбцијата на глукозата во крвотокот и помагаат подолго да се чувствуваме сити.

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Корисни трикови за „од око“ да ги изберете најсвежите производи на пазар Изберете помали модри домати, а доматите бирајте ги според намената: долгнавести...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg