Што навистина ви се случува кога ќе изедете само еден хамбургер?

Можеби само да видите слика од некој сочен хамбургер полн со помфрит, кечап и мајонез веднаш ви се отвора апетитот. Во моментот заборавате на сите негативности кои сте ги прочитале за брзата храна и трчате да купите.

sto-navistina-se-slucuva-koga-ke-izedete-samo-eden-hamburger-01

Уживате во неговиот вкус и мислите дека никогаш нема да ви биде доста, иако веќе до пола сте најадени. Сепак, продолжувате да јадете, бидејќи не ви се остава таквото задоволство, без да помислите што му правите на вашите тело и што навистина се случува внатре во вас.


Мозок

Постои причина зошто брзата храна се смета за утеха. Црвеното месо кое го има во хамбургерот е полно со аминокиселини кои го поттикнуваат лачењето на хормонот на среќа, серотонин, поради што барем за момент се чувствувате подобро. Но, треба да сте свесни дека по моментите на голема среќа и задоволство, ќе ви следат моментите на разочарување и каење.


Срце

Црвеното месо е полно со заситени масти. Консумирањето храна богата со заситени масти долгорочно го зголемува ризикот од срцевите заболување и инфаркт, а може да го зголеми и ризикот од заболување од рак. Хамбургерите се полни со сол, па вашето тело ја задржува водата, поради што не само што се чувствувате подуени, туку и вашето срце потешко работи, а со тоа се зголемува крвниот притисок.


Шеќер во крвта

Рафинираните јаглехидрати во хамбургерот брзо се варат и предизвикуваат зголемување на нивото на шеќерот во крвта. Долгорочно, ова може да го зголеми ризикот од развивање на дијабетис тип 2.

sto-navistina-se-slucuva-koga-ke-izedete-samo-eden-hamburger-1.jpg

Крвоток

На артериите им правите огромна штета и само со еден оброк брза храна. Со текот на времето заситените масти во црвеното месо го зголемуваат нивото на холестеролот. Добрата страна на црвеното месо е тоа што е полно со железо, витамини Б12 и цинк, со кои се зајакнува имуниот систем.


Коски и мускули

Црвеното месо е богато со протеини, што вам ви дава инстант енергија и ви помага во растот и развојот на мускулите и коските.


Телесна тежина

Брзата храна е исклучително калорична. Со текот на времето овој вишок на калории може да доведе до дебелеење, со што својот организам го ставате под ризик за оболување од низа болести.

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...

Најчитани неделава