4 трикови како да не јадете од досада и да не се дебелеете

Една од најопасните причини поради која често јадеме, а со тоа и се дебелееме е јадењето од досада, односно кога не сме гладни.

4-trikovi-kako-da-ne-jadete-od-dosada-i-da-ne-se-debeleete-01

Кога јадеме без да чувствуваме глад, туку само затоа што ни е досадно или случајно нешто се нашло пред нас, тогаш се најголеми шансите да внесеме многу повеќе калории и да ги зголемиме килограмите за кои подоцна се каеме.

1.Станете свесни за ситуацијата

Ако често или понекогаш се фаќате себе дека јадете иако не чувствувате глад тоа е само една лоша навика. Ако често гледате во фрижидерот во потрага по нешто за поткаснување попатно, всушност немате што друго да правите во тој момент. Пред да седнете да јадете потсетете се на вистинската причина и потреба за тоа. Можеби само ви е досадно или сте под стрес. Ако навистина не сте гладни немате оправдување за постојано нешто да џвакате.

2. Преиспитајте го времето поминато пред телевизор

Ако немате ништо планирано многу лесно може да паднете во искушение пред телевизорот или компјутерот. Ако притоа имате навика нешто да грицкате, тргнете ја храната настрана и искористете го времето поквалитетно. Подобро е да имате покрај себе некој мал тег за раце и да ги вежбате рацете додека ја гледате серијата, отколку да јадете.

4-trikovi-kako-da-ne-jadete-od-dosada-i-da-ne-se-debeleete-2.jpg

3. Пробајте храната да ја замените со вода

На многумина им се случува да ги помешаат гладот и жедта. Ако скоро сте јаделе, но сè уште немате чувство на ситост, послушајте го советот на стручњаците за здравје: „Ако ви е тешко е да разликувате глад и жед, напијте се една чаша вода и почекајте 20 до 30 минути за да видите дали сте гладни“.

4. Седнете и изедете го оброкот

Ако често нешто јадете или грицкате тоа може да биде пречка за правилната исхрана, а да не зборуваме за линијата. Додека стоите и јадете често не сте свесни дека консумирате храна, бидејќи не ја доживувате како оброк. Наместо да грицкате нешто пред фрижидерот утврдете го точното место и време за оброци. Не само што ќе можете да направите разлика помеѓу досадата и гладот, туку ќе јадете и помали оброци ако се научите да јадете седнати на столче и маса, наместо во движење или стоење.

4-trikovi-kako-da-ne-jadete-od-dosada-i-da-ne-se-debeleete-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Алтернативи за кујнски алатки што веќе ги имате дома (за да не купувате за една употреба) Стаклено шише наместо сукало или најобична чаша наместо шаблони за колачиња. Со ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...

Најчитани неделава