Вашето омилено јадење според хороскопот

predlozi-za-jadenja-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Сте се запрашале ли некогаш зошто некоја храна ве привлекува а некоја не е по ваш вкус, зошто сакате повеќе некои ресторани а помалку други? Застанете! Можеби ѕвездите ви се мешаат во вкусовите!

Ние во Ресторан Венето сме подготвени и за тоа, еве неколку наши предлози кои одлично се совпаѓаат со Вашиот хороскопски знак.


Овен

Родените под овој знак сакаат брза и зачинета храна. Бидејки секогаш се зафатени и во движење, немаат доволно време за долги оброци. Покрај тоа, не сакаат залудно да го трошат своето време, така што имаат лоша навика да јадат многу брзо. Не практикуваат да јадат сами и сакат да ја споделуваат храната. Својствено на нивната динамична природа, тие би требало да јадат покалорична храна. Огнениот карактер на овој знак влијае врз нивниот избор на зачини, така да тие преферираат лута и зачинета храна. Овните имаат добар апетит и сакаат да експериментират со јадењата, но понекогаш не внимаваат на исхраната што може да доведе до здравствени проблеми.

Совет: Јадете бавно и конзумирајте алкохол умерено.

predlozi-za-jadenja-spored-horoskopskiot-znak-1.jpg

Венето предлог: Фусили „Арабијата“ (Фусили со сланина и чили во провансалски сос, маслинки, босилок, пармезан)

 

Бик

Биковите се вистински гурмани, имаат огромен апетит и навистина знаат како да уживаат во храната. Без оглед што јадат, сакаат тоа да биде во изобилие и не прашуваат за цена кога станува збор за квалитетна храна. Додека готвењето им представува вистинско задоволство, држењето диета е измачување за нив. Најголем предизвик за родените под овој знак е да престанат да јадат благо и чоколатца. Тие не сакаат да бидат прекинувани додека јадат бидејки сакаат да се чувствуваат релаксирано и удобно. Ако имате состанок со Бик, многу веројатно е дека ќе вечерате во одличен ресторан со одлична храна.

Совет: избегнувајте огромни количини на благо и заменете ги со свежо овошје.

predlozi-za-jadenja-spored-horoskopskiot-znak-2.jpg

Венето предлог: Овошна салата со овошен јогурт.

 

Близнаци

Близнаците се помеѓу оние луѓе кои немаат проблеми со прекумерна телесна тежина. За нив добрата конверзација за време на ручек е побитна дури и од храната, да имаат друштво на маса им е задоволство, додека да јадат сами навистина им пречи. Можеби јадењето и не им е една од омилените активности, но затоа обожаваат да готват. Кујната за нив е место каде што можат да изразат креативност и да покажат талент за комбинирање на состојки, како и храброст во експериментирањето, а на резултатот тешко може да му се одолее. Родените под овој знак се грижат за својата исхрана, многу е значајно да имаат разновидна диета каде што зеленчукот и свежото овошје се на прво место.

Совет: Избегнувајте големи количини на алкохол и брза храна.

predlozi-za-jadenja-spored-horoskopskiot-znak-3.jpg

Венето предлог: Салата „Де ла каса“ (Микс салата со овошје, прелив од јогурт и семки, морков, целер, пченка, шери домат)

 

Рак

Раковите се познати по нивните кулинарски способности. Обожаваат домашна храна, особено ако е подготвена по рецептите на баба. Секогаш купуваат скапи, но квалитетни состојки за своите специјалитети. Склони се брзо да јадат, а и не сакаат многу да ја споделуваат храната со други. Не се грижат многу за своето здравје и имаат тенденција да јадат прекумерно, особено ако се нервозни. Бидејки имаат чувствителен желудник, често треба да го контролираат својот огромен апетит. Од друга страна, родените под овој знак се добро друштво на маса, секогаш со интересни приказни околу своите рецепти и нивното потекло.

Совет: Научете се да го контролирате својот апетит кога сте нервозни.

predlozi-za-jadenja-spored-horoskopskiot-znak-4.jpg

Венето предлог: Пилешко во кари сос (Пилешки стек, морков, ориз, ѓумбир, ајдамер, кари)

 

Лав

Лавовите сакаат скапа храна, подготвена исклучително од најдобрите состојки. Ја користат секоја прилика за оброк во ексклузивен ресторан, со што се чувствуваат како од кралско семејство. Кога станува збор за разновидна исхрана, значително се дисциплинирани со добро стекнати навики, понекогаш јадат брзо, но никогаш сами. Се чувствуваат исполнето кога на трпезата се присутни блиските роднини и пријатели. Не сакаат многу да готват, но им причинува вистинско задоволство подготвувањето на некој специјалитет кој ќе им се допадне на своите сакани. Склони се кон срцеви заболувања, токму затоа вниманието кон исхраната никогаш неможе да биде премногу.

Совет: Намалете ги оброците со месо и конзумирајте повеќе овошје и зеленчук.

predlozi-za-jadenja-spored-horoskopskiot-znak-5.jpg

Венето предлог: Рижото „Неро“ (Мешавина од морски плодови, бело вино, домат конкасе, ориз, црн сос од сипа, пармезан)

 

Девица

Родените под овој знак имаат доста чувствителен желудник, затоа би требало многу да внимаваат што јадат. Бавниот метаболизам е уште еден проблем кој го имаат Девиците, затоа тие треба да конзумираат храна која лесно се вари. Во кујна, може да се каже дека прават чуда, не експериментираат многу со нови состојки и зачини, но никој не може да одолее на нивните вкусни јадења. Иако се штедливи, кога станува збор за храна, вкусот е многу поважен од цената. Воопшто не сакаат да фрлаат храна, а предизвикот од ништо да направат нешто секогаш има успешен и вкусен резултат.

Совет: Јадете лесна и здрава храна.

predlozi-za-jadenja-spored-horoskopskiot-znak-6.jpg

Венето предлог: Филе „Бранцин“ со три вида пире (Бранцин, бело вино, домат шери, пире брокула, пире од морков и грашок)

 

Вага

Вагите се вистински љубители на храна, за нив секој оброк претставува гозба, не би сакале да пропуштат ниту една прилика да дегустират од сè по малку, дали е тоа салата, предјадење, главно јадење или десерт. Зависни се од чоколадо и колачи, па кога би требало да прескокнат некое од јадењата, тоа може да биде и главното јадење, само за да не се откажат од слаткото задоволство што се служи на крајот на оброкот. Естетиката на храната и трпезата им е од посебно значење, самите тие се одлични декоратори. Ако сакате да изненадите припадник на овој знак ќе морате внимателно да изберете ресторан за вистински гурмани, каде што исто така ќе се служи добро црвено вино.

Совет: Избегнувајте големи количини на чоколадо ако сакате да си ја задржите линијата.

predlozi-za-jadenja-spored-horoskopskiot-znak-7.jpg

Венето предлог: Еспуме од јагоди

 

Скорпија

Скорпиите преферираат високо калорична храна, тие често се гладни, дури и ноќе. Празен фрижидер или отсуство на зачини буквално може да ги разгневи. Сакаат зачинета храна која одлично ја приготвуваат благодарение на нивната умешност перфектно да ги комбинираат истите. Рецепторите за вкус кај припадниците на овој знак се доста сложени и вешти во дегустацијата на силни и богати вкусови. Најчесто тие имаат витко тело, само затоа што тие го следат принципот на сè или ништо, а тоа значи дека, кога ќе почуствуваат дека претерале со нешто, веднаш започнуваат со диети и ограничувања.

Совет: Заменете го алкохолот со поголема количина на вода и чаеви.

predlozi-za-jadenja-spored-horoskopskiot-znak-8.jpg

Венето предлог: Свинско филе „Пикасо“ (Свинско филе сувит, моцарела, чери, сос од кари, домат шери, ананас, брокула, сос од соја, мед, рукола)

 

Стрелец

Родените во овој знак сакаат егзотична етно храна, не стандардна и зачинета како и колачи и торти... Стрелците се љубопитни, сакаат редовно да експериментират и сè да пробат. Нивната диета често може да се движи од една во друга крајност, така што понекогаш може да се однесуваат како прегладнети и за миг лакомо да ја испразнат чинијата, а другпат да гладуваат и со денови.  Поради склоноста да јадат и пијат прекумерно, припадниците на овој знак не ретко имаат проблеми со варење на храната.

Совет: Без разлика што и да јадете, јадете со мера.

predlozi-za-jadenja-spored-horoskopskiot-znak-9.jpg

Венето предлог: Њоки песто со индиски ореви (Њоки, песто сос, пармезан, индиски ореви)

 

Јарец

Јарците се неуморни работници, но секогаш наоѓаат време за добар оброк. За нив квалитетот е многу поважен од количината. Посебно значење има атмосферата додека јадат, потребна им е релаксирана околина, по можност со тивка класична музика. Внимателни кон ситните детали на трпезата, уживаат во фамилијарни вечери, како и во формални пречеци. Тие се традиционалисти, сакаат едноставна и домашно подготвена храна, па затоа, помеѓу главните реквизити кои треба да ги исполнува партнерот на припадник на овој знак е да знае добро да готви. Иако не сакаат многу зачинета храна, понекогаш знаат да претеруваат со солта.

Совет: Бидете внимателни кога додавате сол во јадењата.

predlozi-za-jadenja-spored-horoskopskiot-znak-10.jpg

Венето предлог: Салтимбока романо (Свежо свинско филе, во романо сос, со шери конфи, компир „о гратен“ и пире од грашок)

 

Водолија

Водолиите не се себични кога се работи за споделување на храна со некого. Преферираат нискокалорични оброци и знаат како да уживаат во сè што е ново, чудно, невообичаено. Родените под овој знак често се вегетаријанци, не поради тоа што се хумани по природа, туку едноставно љубители се на овошје и зеленчук и воопшто не им претставува проблем да го заменат месото со салата. Додека готват, што ретко се случува, не сакаат буквално да ги следат рецептите, па често ги менуваат, оставајки простор за својата креативност и имагинација. Негативна страна на Водолиите е што понекогаш претеруваат со кафето, или со јадењето навечер.

Совет: Избегнувајте ја ноќната закуска, заменете ја со богат и хранлив појадок.

predlozi-za-jadenja-spored-horoskopskiot-znak-11.jpg

Венето предлог: Вегетаријанска салата (Тапанада од јагоди, портокал, домат шери, црвен компир, индиски орев, рукола, црвена бабура)

 

Риби

Рибите се многу непредвидливи кога се работи за храна. Некои од нив воопшто не посветуваат внимание на својата исхрана, позначајно им е каква е храната на изглед а не на вкус. Други се однесуваат тотално спротивно, за нив подготвувањето храна претставува уметност во која секојдневно уживаат, не запоставувајки ги хранливоста и вкусот. И едните и другите пријатно се чувствуваат кога се во добро друштво на трпеза. Родените под знакот на Риби често доцнат, или ги извршуваат своите обврски во последен момент, па така им се случува да прескокнуваат оброци или да јадат на брзање, а резултат се проблеми со дигестивниот систем.

Совет: Пијте повеќе вода и научете се бавно да јадете.

predlozi-za-jadenja-spored-horoskopskiot-znak-12.jpg

Венето предлог: Рулет од чаден лосос (Маскарпоне, краставица, сос од цитрус, рузмарин)

Би можело да ве интересира:

4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg