5 намирници кои нутриционистите не ги јадат во лето

Со доаѓањето на летото се зголемуваат опасностите од бактерии и труења заради нечистотијата на храната, но сепак многумина од нас го игнорираат овој факт.

5-namirnici-koi-nutricionistite-ne-gi-jadat-vo-leto-01.jpg

Ако ги прашате нутриционистите, тие никогаш не би ги консумирале овие 5 намирници во лето:

Сирово или слабо печено месо

Сировото или слабо печено месо на ниски температури е идеална подлога за развивање на Ешерихија коли и Салмонела. Затоа потребно е месото да се пече на високи температури и неколку минути повеќе.

5-namirnici-koi-nutricionistite-ne-gi-jadat-vo-leto-02.jpg


Сирови јајца

Сировите јајца или јадењата во кои тие се главна состојка избегнувајте ги посебно во лето. Доволно е да не се чувани соодветно за да дојде до развој на микроорганизми кои може да рашират многу зарази и заболувања.

5-namirnici-koi-nutricionistite-ne-gi-jadat-vo-leto-03.jpg


Дињи

Повеќе нутриционисти и стручњаци за храна откриле дека дињата е невозможно да ја исчистите правилно и целосно, па токму затоа таа е извор на многу болести и труења.

5-namirnici-koi-nutricionistite-ne-gi-jadat-vo-leto-04.jpg


Школки

Школките најчесто се јадат сирови или малку варени, а бидејќи живеат во вода, постои голем ризик од нечистотии и бактерии наталожени на нив.

5-namirnici-koi-nutricionistite-ne-gi-jadat-vo-leto-05.jpg


Свежо млеко

Свежото млеко претставува опасност заради заболување од бактериски инфекции. Тоа не го поминува процесот на пастеризација, па заради тоа нутриционистите не го препорачуваат во лето.

5-namirnici-koi-nutricionistite-ne-gi-jadat-vo-leto-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали месото (не) треба да се мие пред готвење?“ „Многумина од нас пораснале гледајќи како месото задолжително се мие под чешма, ...

Најчитани неделава