Ги смирува нервите и го подмладува мозокот: Летна овошка која вреди да ја јадете барем еднаш дневно

Кога зборуваме за летно овошје веројатно прво нешто на што помислувате е лубеница или праска, без да знаете дека постои уште еден сочен плод кој би требало да го јадете секојдневно.

gi-smiruva-nervite-i-go-podmladuva-mozokot-letna-ovoska-koja-vredi-da-ja-jadete-barem-ednas-dnevno-01.jpg

Се работи за жолтата диња полна со природен шербет. Таа спаѓа во истата група на овошја како лубеницата и тиквата, а неверојатно е богата со витамини и минерали. Содржи голем процент на витамин Ц, Б, бета каротен, како и калциум, калиум, магнезиум, фосфор и железо.

Благодарение на тоа што е полна со 95% вода, со низок процент на шеќери и одличен мирис и вкус, дињата е идеално летно освежување.

Водата од дињата ја стимулира работата на бубрезите, го регулира крвниот притисок, а високото ниво на здрави влакна помага при варењето. Бета каротенот помага во борбата со рак.

Добро е што можете да ја јадете колку сакате и кога сакате.

gi-smiruva-nervite-i-go-podmladuva-mozokot-letna-ovoska-koja-vredi-da-ja-jadete-barem-ednas-dnevno-02.jpg

Ако ви се потребни повеќе причини, во продолжение ви нудиме топ 5:

1. Дињата е добра за детоксикација на организмот. Му помага на телото да се ослободи од вишокот соли и така го намалува крвниот притисок.

2. Сокот од дињата се користи за ублажување на болките. Доволно е да ставите парче диња или да го намачкате болното месо со сок од диња и да го оставите да отстои неколку часа.

3. Во народната медицина дињата се користи за смирување на нервите.

4. Дињата е добра и против камчињата во бубрези, а покрај тоа ги ублажува и каснатините од инсекти, изгорениците, болестите на желудникот и проблемите со цревата.

5. Дињата не дебелее, па е идеален сојузник на секоја диета.

Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...

Најчитани неделава