Алтернативи за поздрав ручек на работа

Паузата за ручек многу често не ја употребуваме да седнеме мирно и да јадеме некој здрав оброк, туку се обидуваме на најдобар можен начин да ја искористиме и да каснеме нешто набрзина - тоа нешто најчесто е печиво, сендвич или пица.

5-alternativi-za-pozdrav-rucek-na-rabota-01.jpg

Голем дел од луѓето паузата не ја употребуваат да излезат на свеж воздух, туку најчесто седат пред работната маса и јадат нешто нездраво.

Но, постојат неколку едноставни работи кои значително можат да ви ги променат лошите навики.

5 паметни алтернативи со кои здравите и успешни луѓе ги заменуваат лошите навики:

1. Однапред подготвен ручек

„Ручекот е најважниот дел од денот. Тогаш се обидувам да јадам надвор од работното место, да излезам на свеж воздух. Ручекот го подготвувам однапред, односно за време на викендот замрзнувам здрави производи и оброци зготвени однапред“ - вели јога инструкторката и основачот на Fit Foodie Finds, Ли Херш.

5-alternativi-za-pozdrav-rucek-na-rabota-1.png


2. Избегнуваат тешка храна

„Сакам секој ручек да ми е природен и лесен, полн со овошје, зеленчук и протеини. Не сакам да јадам тешка храна, бидејќи после тоа се чувствувам подуено и не можам да работам. Секогаш препорачувам да јадете нешто свежо, што ќе ви даде доволно енергија за остатокот од работниот ден“ - тврди Кејси Хо, основачот на страницата Blogilates.

5-alternativi-za-pozdrav-rucek-na-rabota-2.jpg


3. Ручекот не го јадат на работната маса

„Најважното нешто кое секогаш се обидувам да го практикувам е да не седам на работната маса, туку малку да прошетам на свеж воздух. Не важно времетраењето, доволни се и 10 минути за да се чувствувам подобро“ - објаснува Ен Мони.

5-alternativi-za-pozdrav-rucek-na-rabota-3.jpg


4. Одбираат природни и здрави производи

„За ручек сакам да јадам риба со зеленчук. Сметам дека таа здрава комбинација на протеини и витамини и минерали кои доаѓаат од зеленчукот ми даваат доволно енергија за успешно да ги сработам остатокот работни задачи“ - тврди Кими Вернер.

5-alternativi-za-pozdrav-rucek-na-rabota-4.png


5. Остатокот од вечерата може да биде ручек за наредниот ден

„Со прилично активни деца, имам многу малку време наутро да подготвам нешто за ручек, па според мене, вечерата може да се претвори во одличен ручек за наредниот работен ден. Токму затоа, често навечер готвам повеќе храна и остатоците ги спремам во стаклени или пластични кутии кои ги носам на работа“ - објаснува Ангела Томпсон, еден од најпродаваните автори на New York Times.

5-alternativi-za-pozdrav-rucek-na-rabota-5.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Празнична магија на трпезата: Креативни идеи за декорирање на храната Ладна даска во вид на елка и венец, снешковци од варени јајца и новогодишна елка...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
Намирници кои можат да ви помогнат кога имате констипација Сировите, но и сувите сливи се храна која ги ублажува симптомите на констипација...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
Грешки во готвењето што се пренесуваат од генерација на генерација во кујната Кога почнувате да готвите, секогаш се водите од работите што ви ги кажале вашите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg