Зошто некои јајца имаат бела грутка кога ќе ги скршите?

Дали некогаш сте се запрашале зошто некои јајца кога ќе ги искршите имаат мала бела лигава грутка?

sto-pretstavuva-malata-bela-grutka-vo-zivite-jajca-01.jpg

Без разлика на тоа колку пати досега сте кршеле живо јајце, веројатно белиот дел како грутка сте морале да го извадите затоа што ви изгледал грозно.

Но, за среќа, не станува збор за ниту една од најгрозните работи кои сте си ги замислиле во главата.

Овој дел од јајцето се нарекува халаза или уше папочна врвка. Нивната намена е да ја задржат жолчката во центарот на школката, всушност служи како мало „сидро“.

Обично може да се забележи само кога ќе се одвојат белката и жолчката и не е неопходно да се ослободите од истата, бидејќи во основа изградена е само од протеини.

Халазите обично исчезнуваат кај постарите јајца, па затоа истите се добар знак дека јадете свежо јајце.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Порции од врвни ресторани во светот – од нив нема да се најадете, но ќе платите за искуството Какви специјалитети се служат во рестораните со Мишелин ѕвездички? Погледнете ка...
Намирници кои можат да ви помогнат кога имате констипација Сировите, но и сувите сливи се храна која ги ублажува симптомите на констипација...
Корисни трикови за „од око“ да ги изберете најсвежите производи на пазар Изберете помали модри домати, а доматите бирајте ги според намената: долгнавести...
Што претставува лунарната диета и кога да ја држите во 2024-та? Лунарната диета претставува постење во зависност од месечевите фази. Односно ког...
Бевме на велигденски ручек кај Давор - Dave’s Kitchen: 9 вкусни јадења, вапсани јајца и опуштено дру... „Ајде да готвиме заедно. Ќе спремиме три јадења“, беше предлогот на Давор, позна...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg