9 производи кои никогаш не треба да ги чувате во фрижидерот

Ладната температура на фрижидерот понекогаш може да ги уништи корисните состојки на нашите омилени производи, да ги мувлоса и да ги направи неупотребливи за јадење, при што побрзо ќе завршат во кантата за отпадоци.

9-proizvodi-koi-nikogas-ne-treba-da-gi-cuvate-vo-friziderot-01.jpg

Токму поради таа причина, еве кои производи е препорачливо да ги чувате подалеку од студениот фрижидер:

Лубеница

Сите уживаме во вкусот на добро оладената сочна лубеница. Но, истражувањата покажале дека корисните оксиданти од омиленото летно овошје на премногу ниска температура се уништуваат. Доколку не успеете да ја изедете цела веднаш по купувањето, чувајте ја во фрижидер, на повисока температура, 2-3 дена.

Lubenica.jpeg

Компири

Ниските температури на ладење ќе го раздвојат скробот во внатрешноста на компирот и ќе го направат премногу сладок и неверојатно тврд за готвење. Најдобро е да ги чувате на ладно, суво и темно место, по можност во книжни ќеси, бидејќи пластичните го забрзуваат скапувањето на компирите, поради тоа што привлекуваат повеќе влага.

Kompiri.jpeg

Мед

За да не кристализира, чувајте го секогаш на собна температура, со цел да ја задржи својата течна и глатка медена текстура.

med.jpeg

Кафе во зрна

Во ред е доколку чувате неколку со цел да ја впијат непријатната миризба од фрижидерот. Но, она кафе во зрна кое ви е наменето за консумирање може да го изгуби својот автентичен вкус и арома, поради кондензацијата во фрижидерот која ќе ги навлажни зрната. Чувајте ги во добро заштитен сад кој не пропушта воздух, на темно.

kafe.jpeg

Домати

Ладната температура ги прави доматите млитави и брашнести. Купувајте помали количини за да ги изедете побрзо, со цел да не презреат додека ги чувате на собна температура.

domati.jpeg

Кромид и лук

Најдобриот пријател на неисечените ароматични зеленчуци е суво и темно место. Влажноста на фрижидерот може да го мувлоса или да го претвори кромидот во каша или целосно да ја уништи аромата и вкусот на лукот.

kromid_i_luk.jpeg

Чоколаден крем

Причината да не го чувате во фрижидер е едноставна: Вкусот на чоколадото и какаото се поинтензивни кога кремот е во течна состојба. Плус, полесно се мачка на палачинки.

Coko-krem.jpeg

Леб

Доколку имате вишок леб, подобро замрзнете го, за подоцна да го употребите во тост или пржени лепчиња. Лебот во фрижидер ќе се исуши со неверојатна брзина и ќе стане тврд и неупотреблив.

leb.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
5 практични трикови - Како „паметно“ да ја складирате облеката во мал плакар? Ако имате многу гардероба, а само еден плакар, организирањето на облеката може д...

Најчитани неделава