Трикови за готвење со кои храната ќе ви изгледа како од ресторан

Понекогаш се трудиме да готвиме баш онака како што готват професионалните готвачи на ТВ емисиите и во рестораните.

trikovi-za-gotvenje-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-kujnata-01_copy.jpg

Ревносно го следиме нивниот рецепт, но на крајот, пак се случува да не ни испаднат оброците онака како што изгледаат на фотографиите и на телевизија.

Вештините од професионалните готвачи мора постојано да се учат, практикуваат и усовршуваат ако сакаме да станеме мајстори во кујната.

За таа цел, можете да почнете од неколку едноставни трикови:

1. Место, кога го пржите не го превртувајте многу често, ако сакате на крајот да биде крцкаво и сочно.

trikovi-za-gotvenje-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-kujnata-1_copy.jpg

2. Никогаш не пржете храна на свежо цедени масла, бидејќи на високи температури почнува да гори и никогаш нема да биде вкусна.

3. Расипаните јајца секогаш испловуваат на површината, а свежите се секогаш на дното од чашата наполнета со вода.

trikovi-za-gotvenje-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-kujnata-2.jpg

4. Никогаш не го јадете месото веднаш штом ќе го зготвите, оставете малку да отстои за да се стабилизираат соковите во него и потоа фатете се на јадење.

5. Највкусна риба на скара се подготвува ако под неа наредите свежи парчиња лимон - соковите се задржуваат во самата риба и плус, ќе го чувствувате мирисот на лимон.

trikovi-za-gotvenje-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-kujnata-3.jpg

6. Ако имате залепени билки на ножот, истите најлесно ќе ги исчистите ако на ножот посипете малку сол.

7. Ако итно ви треба мек путер, а дотогаш ви стоел во фрижидер, ставете вжештена чаша над него и веднаш ќе омекне, а нема целосно да се растопи.

trikovi-za-gotvenje-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-kujnata-4.jpg

8. Виното полесно ќе го отворате ако претходно малку го чувате во исправена положба.

9. Честа грешка, садот во кој готвите, секогаш го преполнувате.

trikovi-za-gotvenje-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-kujnata-5.jpg

10. Совршено потпечен рендан кашкавал на готвено јадење можете да добиете само ако го ставите во рерна 5 минути пред да завршите со печење на јадењето. Така ќе биде меко и совршено растопено инаку, ќе биде претврдо и тешко за јадење.

11. Ако даската за сечење ви се лизга, секогаш под неа ставајте пешкир или крпа.

trikovi-za-gotvenje-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-kujnata-6.jpg

12. Кога правите пире, секогаш е подобро да ставите загреано млеко на компирите.

13. Ако ви требаат многу варени јајца за краток период, најдобро е да ги печете во рерна, наместо да ги варите во сад. Така ќе бидат рамномерно подготвени и нема да испукаат оние кои се најдолу.

trikovi-za-gotvenje-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-kujnata-7.jpg

14. Ако немате мајонез, а немате време да тркнете до продавница за да купите, секогаш може да направите сами, набрзина. Ставете во блендер едно јајце и 150ml маслиново масло.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...

Најчитани неделава