Замена за брза храна: 6 здрави ужини кои можете да ги носите на плажа

Нема ништо поубаво од тоа додека сме на плажа да уживаме во омилениот пијалак и по некое вкусно јадење.

 6-zdravi-uzini-sto-moze-da-gi-nosite-na-plaza-01.jpg

Но, со оглед на тоа што поголемиот дел од денот го поминуваме на плажа, времето за подготвување на здрав оброк е скратено и внесуваме многу непотребни калории и нездрава храна за да се заситиме.

Сепак, постојат 6 здрави ужини, кои можеме да ги понесеме со нас и да нè задоволат до следниот оброк. 

1. Крекери со сирење

Оваа комбинација ќе ги задоволи вашите потреби за храна, а немасното сирење ќе ви ја даде потребната количина на протеин, што ќе ве држи заситени додека сте на плажа.

6-zdravi-uzini-sto-moze-da-gi-nosite-na-plaza-02_copy.jpg

2. Сос од хумус и зеленчук

Сите ја обожаваме добро познатата комбинација на чипс и сос, но наместо тоа, сосот од хумус и изрендан зеленчук (морков и целер) е одлична здрава замена. А, секако доколку зеленчукот не ви е доволен, секогаш можете да го искомбинирате со солени крекери или некое печиво. 

6-zdravi-uzini-sto-moze-da-gi-nosite-na-plaza-03.jpg

3. Јаткасти плодови

Земете ги вашите омилени јаткасти плодови и ставете ги во кесичка која ќе ви стои во торбата за на плажа. Доколку јаткастите плодови и не ви се баш омилени, одлична замена се и пуканките. 

6-zdravi-uzini-sto-moze-da-gi-nosite-na-plaza-04_copy.jpg

4. Овошна салата

Наместо да носите по едно парче овошје кое ќе се гмечи во торбата, направете овошна салата и затворете ја во сад, за да ви биде достапна во секој момент. Совет: исечете го овошјето на коцки и замрзнете го, за да стои ладно подолго време.

6-zdravi-uzini-sto-moze-da-gi-nosite-na-plaza-05.jpg

5. Вода со свежо овошје

Водата со вкус на овошје е одличен начин како да го одржите телото хидратизирано во текот на целиот ден, а тоа да не биде со обична минерална вода или вештачки сокови во различни вкусови.

6-zdravi-uzini-sto-moze-da-gi-nosite-na-plaza-006.jpg

6. Гранола бар

Вкусен благ оброк кој можете да го понесете со вас на плажа, а можете да го направите сами со омилените намирници како јаткасти плодови и суво овошје. 

6-zdravi-uzini-sto-moze-da-gi-nosite-na-plaza-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Храна која ќе ви помогне полесно да ги преживеете мачните симптоми на менопауза Зеленчукот како брокула и карфиол, но и овошјето со темна боја содржи антивоспал...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава