10 тајни за хармонија кои ги знаат само Французите

Туристите се изненадени што Французите постојано јадат чоколадо, кроасани, многу сирење и постојано пијат вино, а сепак успеваат да изгледаат префинето и да имаат извонредна фигура.

10-tajni-za-harmonija-koi-gi-znaat-samo-francuzite-001.jpg

Французите не се опседнати со броење калории и поминување на часови и часови во теретана.

Тајната на нивната витка фигура лежи во нивниот став кон храната, кој го стекнуваат уште како деца и го практикуваат понатаму низ целиот живот.

Ова се навиките кои секој Французин ги применува:

1. Храната за нив е религиозен ритуал

Храната за нив е спој на задоволство и добар разговор, па токму затоа многу често ќе ги сретнете во рестораните како ручаат или вечераат секогаш во друштво. Нивните оброци секогаш се мали, никогаш обилни, и вклучуваат неколку внимателно одбрани состојки.

2. Секогаш избираат квалитет

Тие никогаш нема да го стават квантитетот пред квалитетот и тоа е принцип кој го учат уште од најмали нозе. Секогаш ќе изберат неколку уникатни колачи отколку цела порција сладолед, или вкусна риба наместо евтино пилешко од непознат извор.

3. Никогаш не јадат брзо

Јадење кај Французите е ритуал во кој целосно треба да се ужива, па токму затоа никогаш нема да ги видите како брзаат да изедат сè што има пред нив. Оброците секогаш се придружени со паузи за разговор, па така секој ручек или вечера се претвора во славење на вкусови и комуникација.

4. Не се лишуваат од задоволството да јадат калорична храна

Секако сите тие знаат дека сирењето е навистина калорично, но наместо да се лишат целосно од ова задоволство, го јадат само еднаш во денот. Истото важи и за благото и колачите. Проблемот со прекумерната тежина не е во дозволувањето да каснете неколку коцки чоколадо на ден, туку во способноста да се воздржите да го изедете целото чоколадо.

5. Знаат да направат рамнотежа во храната

Никогаш нема да видите Французин кој ќе изеде 3 калорични оброци во текот на еден ден. Клучната навика во нивниот начин на исхрана е одржувањето на правилна рамнотежа меѓу оброците.

6. Не сакаат храна која содржи премногу шеќер или сол

Тајната на француската кујна е да се додадат зачини но сепак да се задржи природниот вкус на храната. Токму затоа, многу малку од француските традиционални јадења содржат огромни количини на шеќер или сол.

7. Никогаш не ја заменуваат закуската за вечера

Секако дека е нормално да почувствувате глад меѓу ручекот и вечерата но сепак закуската не треба да биде таа која подоцна ќе ве натера да ја прескокнете вечерата. Нивната закуска најчесто се состои од природен јогурт без засладувачи. Па, нека не ве чуди што Французите се најголемите консументи на јогурт во Европа. 

8. Масата секогаш треба да биде внимателно сервирана

Многу ретко можете да ги видите како јадат на пултот во кујната или во движење. Французите се хедонисти и уживаат во убаво поставена маса, јадејќи полека и без брзање. Јадењето полека е важно, бидејќи само така може да се ужива во различните вкусови на храната, додека со брзото јадење не ни чувствуваме што јадеме, па за кратко време повторно сакаме да каснеме уште нешто.

9. Движењето е начин на живот

Французите обожаваат да пешачат, да планинарат, да трчаат, да шетаат низ парковите и сето тоа го прават бидејќи така се чувствуваат подобро и поубаво, а не бидејќи дента внеле премногу калории кои мора да ги потрошат.

10. Никогаш не се казнуваат себеси за слатките задоволства

Нормално е телото на моменти да има зголемена желба за благо или калорична харана, па токму затоа не треба да се лишувате од тоа. Ниту пак да се казнувате. Ако денеска сте изеле повеќе чоколадо од нормалното не значи дека следните три дена не смеете да каснете ништо благо.

Французите на тоа гледаат само како на природна потреба на телото која е повремена, и не се повторува секој ден.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
5 практични трикови - Како „паметно“ да ја складирате облеката во мал плакар? Ако имате многу гардероба, а само еден плакар, организирањето на облеката може д...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава