3 трикови за совршено меки крофни

Крофните се супер зимски десерт, појадок или ужинка. Но, како да бидат меки, не премногу масни, а однадвор крцкави?

3-trikovi-za-sovrseno-meki-krofni-1.jpg

За рецептот секогаш да биде совршен, важно е да ги следите овие 3 трикови кои веројатно ќе ви ги потврдат и вашите баби:

1. Важно е сите состојки да бидат топли, односно на собна температура. Брашното може дури и да го загреете во рерна на температура од 200 степени околу 2 минути.

2. Додадете лажичка ракија во тестото, за при пржењето да не прими премногу масло. Водете сметка и температурата на маслото секогаш да биде доволно висока. Ако температурата спадне, ќе добиете не баш привлечни, мрсни крофни.

3. Прашокот за печиво ќе го спречи создавањето дупчиња во крофните, па затоа во вообичаениот рецепт додајте барем половина лажичка.

Испробајте го овој рецепт и уживајте во мирисот и вкусот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...
5 практични трикови - Како „паметно“ да ја складирате облеката во мал плакар? Ако имате многу гардероба, а само еден плакар, организирањето на облеката може д...

Најчитани неделава