Варете ја храната во супа, наместо вода: Трикови со кои рецептите ќе имаат поубав вкус
Некогаш дури и најмалите ситници можат да направат голема разлика, особено кога е храната во прашање.

Сите знаеме што значи додавање на вистинскиот зачин во вистинската храна и правилното комбинирање на вистинските состојки.
Следните едноставни совети ќе ви помогнат да станете врвен готвач чии јадења ќе бидат омилени во друштвото.
1. За оброците со свеж кромид, оставете го кромидот малку да отстои во ладна вода за да се намали неговата горчина.

2. Додајте малку сол и цимет и вашето кафе ќе добие неверојатен вкус.

3. Варете ги јадењата во супа наместо во вода за да добиете побогат и поубав вкус.

4. Пред да ја подготвите салатата додадете само малку сол во зеленчукот за да ја испушти водата, за потоа салатата да не биде водеста.

5. Омекнете го месото со маринада од белка од јајце и пченкарно брашно.

6. За да направите совршена торта без рецепт користете иста количина на шеќер, брашно и јајца.

7. Додадете лажица путер од кикирики или сенф за да добиете кремаст сос.

8. Кога пржите месо избришете го од вода, посолете го и никогаш не ја преполнувајте тавата за пржење.

9. Додадете малку вотка во тестото за пита за тоа да стане покрцкаво.

10. Додадете малку пченкарно брашно во матените јајца за да ги направите покремасти и полесни.

11. Згуснете го сосот со додавање на тортиља чипс.

12. За да добиете парче крцкаво месо следете ги следните чекори: посолете, измијте, исушете и печете на висока температура.

13. Загрејте ги или изладете ги чиниите (според температурата на јадењето) пред да ја сервирате храната за да добиете подобар вкус.

М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна
Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“
„Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната)
Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини
Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо)
Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате)
На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...