Дали чоколадото е распипано, ако има бел слој на површината?

Решивте да се засладите, но кога го отворивте чоколадото, на неговата површина здогледавте тенок бел слој заради кој мислите дека истото е расипано? Да провериме, дали чоколадото е расипано ако има бел слој на површината?

dali-cokoladoto-e-rasipano-ako-ima-bel-sloj-na-povrshinata-01.jpg

Не се грижете, чоколадото иако можеби не ви изгледа убаво, тоа сè уште е добро за јадење. Белиот слој на чоколадото заради кој омиленото благо повеќе не ви делува привлечно се појавува од две причини.

 На површината избиле или шеќерот или маснотиите. Но, тоа не значи дека чоколадото е расипано.

Обично, ако слојот е сув, тоа значи дека на површината излегол шеќерот, а ако е влажен, на површината се наоѓаат мастите.

На промена на температурите, доаѓа до распаѓање на шеќерот, па во кристали се задржува на површината и исто така, може да дојде до тоа мастите да станат видливи.

Научниците тврдат дека најдобра температура за чување на чоколадото е 18 степени.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава