Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Денот нека започне здраво: Супер предлози за најдобар појадок

Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, а за да бидете сигурни дека наутро нема да посегнете по нездрави намирници, ви предлагаме здрав оброк кој ќе ви го подигне нивото на енергија и ќе ви даде сила за остатокот од денот.

denot-neka-zapocne-zdravo-super-predlozi-za-najdobar-pojadok-02-001.jpg

ЈОГУРТ

Јогуртот е богат со калциум и идеален е за регулирање на тежината, па така наутро можете да го комбинирате со овошје, овесни снегулки или со некое мало, вкусно пециво и тоа ќе биде фантастичен почеток на денот. Јогуртот е производ што настанува со природен процес на ферментација на млекото, направен во хармонија со природата, идеален за утринско уживање.

ЈАЈЦА

Јајцата содржат доволно протеини што ќе ве држат сити во текот на целиот ден. Омлетот е одличен избор за појадок. Можете да додадете салата или свежо сецкан зеленчук и за само неколку минути што ќе ги потрошите на подготовка на овој појадок, ќе бидете полни со енергија.

ШЕЈК ИЛИ СМУТИ

Подговката на шејкови и смутија е лесна и ќе ви заштеди време и енергија. Ставете по нешто од овошјето што го имате на располагање, чаша јогурт и „бомбата“ од витамини и хранливи материи е пред вас за тој ден.  

САЛАТА

Овошната или зеленчуковата салата ќе ви даде енергија. Богати се со витамини и минерали и едноставни за подготовка. Ако правите овошна салата, можете да додадете мед по желба, а доколу вашиот избор е зеленчукова салата, додадете коцки вкусно сирење што ќе ви обезбеди дополнителна енергија и задоволство.

ЖИТАРКИ

Познато е дека житарките содржат голема количина на влакна и се одличен избор на енергија. Погодни се и за диети, бидејќи имаат малку калории, а се благопријатни за дигестивниот систем.

А ако сте едни од оние на кои појадок им пристигна како нарачан на работното место, знаете дека малото, вкусно пециво и домашен јогурт со неодолив вкус, е повкусен појадок од кој било друг обилен појадок што ќе ни ја одземе енергијата и ќе нè направи тромави и поспани.

Имено, во изминатите десетина дена тимот на Алпско млеко им овозможи на вработените во неколку големи корпорации да добијат вкусен и здрав појадок со домашен јогурт со неодолив вкус.

Погледнете дел од атмосферата и воодушевувањето на вработените:

denot-neka-zapocne-zdravo-super-predlozi-za-najdobar-pojadok-1.jpeg

denot-neka-zapocne-zdravo-super-predlozi-za-najdobar-pojadok-2.jpeg

denot-neka-zapocne-zdravo-super-predlozi-za-najdobar-pojadok-3.jpeg

Би можело да ве интересира:

Кои (позитивни) промени ќе ги забележите ако јадете побавно? Ќе ослабите, но и ќе си ја подобрите дигестијата – зошто треба да почнете да јад...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg